Зелник со праз и баница со месо – нешто што нема да ве остави рамнодушни!

Фото и рецепт: Тања Стаменковска

ЗЕЛНИК СО ПРАЗ / ТЕГНЕТА БАНИЦА СО МЕСО

Брашно по потреба, малку сол и малку квасец, се замесува со вода. Постапката е прикажана на фотографиите подолу.

Истото се постапува и за баницата со месо, тегнета: брашно, сол, вода и малку масло.

Квасец се става колку сакате, јас ставив половина коцка квасец за 700 г брашно, од што излегуваат осум кори.

Тоа е за плех број 36. Доколку правите во поголем плех се меси тесто со повеќе брашно, или во помал плех – со помалку брашно.