Без болки во грб и нозе за 7 дена…Облога од глина и коприва која моментно помага…

„Случајно се најдов во друштво каде се зборуваше за здравје и народна медицина. Стана збор за болки во грб и болка во нога. Една повозрасна жена и даде совет на друга:

„Земи една рака сина глина и замеси ја како леб со оцет. А, ако е многу силно, додај малку вода. Во оваа смеса додај неколку врвови коприва, иситнети на помали парчиња или мелени.

Кога смесата е готова, стави ја на најлон и крпа. Болното место намачкај го со маслиново масло, па стави ја облогата. Така седум дена и болката ќе помине…“, беше рецептот на жената, а раскажа наша читателка.

ПРОЧИТАЈТЕ: „Сам осмислил вежба која прави чyда, ишијасот поминува за 2 дена, од сите страни луѓе го благословуваат, а тој на Бога му благодари“ОВДЕ.

Дека глината има лековити својства и дека ги поттикнува одбранбените механизми на организмот се знае уште многу одамна. На пример, болните и повредени животни сами го „закопуваат“ болното место во земја која содржи глина.

Речиси секој возрасен барем еднаш почувствувал болка во грбот. Наместо долговремено мирување и неактивност, напротив, телото треба да се активира, секако, во зависност од состојбата и препораките на лекарот.

Одмор за акутни болки во грбот се препорачува до 48 часа, а подолго од тоа може да предизвика контра ефект.

Ако мускулите се неактивни, тоа може да доведе до слабеење на самите мускули, па дури и до згрутчување на крвта во вените на нозете.

Значи, првото нешто на кое треба да обратете внимание е редовното движење. Постојат и различни природни лекови кои ублажуваат, па дури и целосно ја смируваат болката од овој тип.

Покрај некои природни помагалата секогаш се добредојдени и масажата или нанесувањето на лековити масти.

Глината е еден од најдобрите природни смирувачки лекови кога станува збор за болка во грбот.

Глината исто така има големо влијание врз болките во зглобовите. Таа е богата со минерални соли, како и алуминиум, калиум, натриум, цинк, бакар, сребро, олово и магнезиум.

За да се нанесе како облога потребно е да се замеси како леб со оцет и малку вода. На сето ова се додава малку коприва, исечкана или сомелена.

Вака подготвената смеса се става во најлон, иако може да се користи и крпа. Болното место прво се премачкува со маслиново масло, а потоа се нанесува подготвената. Оваа постапка треба да се применува седум дена по ред за болката целосно да исчезне.

Смоквите и сувите сливи, од кои може да се направи многу здрав и пред сѐ вкусен чај, исто така ќе бидат од голема помош во случај на болки во грб.

Смоквите, сливите и кајсиите во сушена форма се многу корисни за регенерација на ткивото, што го прави ‘рбетот посилен и поздрав.

Рецепт за чај: 5 суви сливи, 1 сува смоква и 1 сува кајсија, 200 мл врела вода. Оставете два часа поклопено, а потоа процедете и пијте го овој вкусен напиток, а плодовите изедете ги.

ОБЛОГА ОД КОМИР И КРОМИД. Сомелете ги и соединете ги да добиете густа смеса. Додајте и малку сол. Нанесете ја смесата во тенок слој врз болното место, фиксирајте со газа и завој и така мирувајте преку ноќ.

Кај ваквите тегоби ќе помогне и лукот кој кај народот е познат како лек за многу болести. Лукот особено се препорачува при дискус хернија. Овој моќен природен препарат се користи како облога.

Потребно е на масло да се издинстаат десет чешниња лук. Оваа смеса треба да се нанесува како облога на болните места на грбот.

Овој тип на терапија треба да се повторува најмалку еден месец, секој ден, така што облогата останува да делува најмалку три часа.

Лукот е многу ефикасен и во комбинација со млеко. Се пие мешавина од овие две намирници секојдневно, а особено се препорачува за луѓе кои страдаат од ишијас.. Потребно е да се испасираат 4 чешниња лук и да се додадат во него 200 мл млеко.

Сето тоа се остава на оган да зоврие, а потоа може да се заслади со мед или некој друг засладувач. Овој лек е најдобро се зема до 2 литри на ден.

НАПОМЕНА: Пред употреба на препарати од народната медицина, секој треба да се советува со својот лекар поради можни контраиндикации. Секој случај е индивидуален и поради тоа стручното лице ја разгледува општата слика на пациентот.