Денес, многумина имаат проблем со глутен, дебелина, дијабетес и други неволји, особено повозрасните. Ако сакате направите безглутенски леб кој не дебелее, а е многу вкусен и прелесно се приготвува, тогаш запишете си го рецептот.

Ќе ви претставиме две варијанти, а вие одберете кој повеќе ви одговара според состојките што ги имате. Еве што ви е потребно:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (протеински леб):

500 г овесни снегулки (мелени)
500 г кравјо немасно сирење
4 јајца
1 мала лажичка сода бикарбона
1 мала лажичка сол (или по вкус)
семе и семки по желба (и лажица сусам, 1 лажица сончоглед)

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца,
100 мл вода,
90 грама ореви,
90 грама ленено семе,
90 грама семки од сончоглед,
90 грама сусам,
90 грама семки од тиква,
малку сол,
половина лажичка сода бикарбона.

ПОСТАПКА:

За рецепт 1: Јајцата пенасто изматете ги колку да се разбијат, па додајте ги овесните снегулки, немасното крем сирење, сода бикарбона, семки и сол по вкус. Сето тоа добро измешајте го со лажица.

Кога добро ќе се изедначи, тестото е нелепливо, меко и лесно се обликува со раце. Калапот (длабок, тесен) намастете го со путер, а тестото обликувајте го со раце и ставете го во калапот.

Рерната загрејте ја на 250 степени, а штом го ставите лебот да се пече намалете на 180 степени и печете го половина час. Деталите погледнете ги во презентацијата ОВДЕ.

За рецепт 2: Јајцата изматете ги пенасто како крем, додајте сол и сода бикарбона како и вода, па сето семе сомелете го во ситно брашно и започнете постепено да го додавате во течната смеса.

Добиената смеса сипете ја во подлабок, а тесен калап обложен со хартија за печење. Печете го 50 минути во загреана рерна на 180 степени.