Home Десерти Јогуртни колачи „Брауни“ без јајца…Многу вкусен чоколаден десерт кој се топи во...

Јогуртни колачи „Брауни“ без јајца…Многу вкусен чоколаден десерт кој се топи во уста

Јогуртни колачи „Брауни“ без јајца…Многу вкусен чоколаден десерт кон се топи во уста…Овој колач се приготвува многу брзо, а она што е интересн о во неговата подготовока е печењето. Имено, се пече на топол воздух, во тава.

Секако, можете да го испечете и во рерна, на 160 степени, но она што денес ќе ви го покажаеме, е како брауни колачот да го испечете во тава, на рингла. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 250-300 мл):

1/4 чаша рендано чоколадо и
1/4 чаша путер, растопете ги 1 минути во микробранова печка. потоа додајте:

1 чаша цврст јогурт/кисела павлака
1 чаша шеќер, и добро промешајте за да се соедини. На крај додајте:

1 чаша сенаменско брашно
1/4 чаша какао во прав
1/2 лажиче прашок за печиво
1 лажичка екстракт од ванила

Откако добро ќе се изедначи смесата излејте ја во помал калап (18 см) обложен со хартија за печење и намастен.

Распоредете рамномерно и израмнете. Одозгора наросете чоколадни струганици.

Во меѓувреме на оган ставете голема, широка тава со капак да се загрева 5 минути. Тавата треба да биде доволно голема за во неа да го собере калапот со колачот, а на дното поставете метална подлошка.

Ставете го внатре колачот и повторно поклопете со капакот. Вака печете на умерена температура следните 20-30 минути. Штом забележите дека колачот почнал да се одвојува од ѕидовите на садот, значи дека е готов.

Оставете малку да подизлади, па исечете го на коцки и послужете го. Брауни колачот е познат по својата мекост и чоколаден вкус. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.