СПАС ПРИ КАШЛИЦА…Рецепт за мед од глуварче – лек за јакнење на имунитетот. Глуварчето со неговите жолти цветови ја разувавуваат пролетта и се украс на зелените површини…

Наберете цветови од еколошки чиста средина…Со овој рецепт се приготвува многу вкусен сируп кој меѓу народот е познат како „мед“ од глуварче. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

200 цветови од глуварче
2 литри вода
2 кг шеќер
2 лимони

ПОСТАПКА:

1.Од цветовите отстранете ги зелените денови. Важно е да останат само венечните, жолти ливчиња. Потоа исперете ги и процедете ги.

2.Претурете ги во тенџере, залијте ги со 2 литри вода и ставете на оган да зоврие.

3.Штом зоврие оставете да врие на умерена температура 20 минути. Потоа оставете да отстои поклопено 24 часа.

4.После 24 часа смесата добро процедете ја низ газа или цедалка.

5.Во течноста додајте го шеќерот и повторно ставете на оган. Штом зоврие намалете ја температурата и оставете да се вари на тивок оган 1 час.

6.По изминатото време додајте сок од 2 лимони. Во текот на готвењето тргајте ја пената што ќе се создава на површина.

7.Густината со конзистентност на мед ќе ја постигнете така што во текот на готвењето ќе капнувате од смесата во тацна, ќе оставите да се олади и со прстите ќе проверите дали ја постигнало посакуваната густина.

8.Врелиот мед складирајте ги во топли тегли и оставете да се олади. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/zu-0AR0hwiQ?si=rZLOSUH90DQfBH5h