Како да се спремите за вашиот прв ден во теретана и што треба да знаете

За многумина теретаната претставува место каде што можат да се сретнат голем број на набилдани мажи кои се фокусираат само на вежбањето и огледалата. Како за сите нови работи кои се случуваат во нашиот живот почнувајќи од работа, хоби или некој спорт, потребно е одредено време за да се навикнете на тоа. Ќе заклучите дека сите што се занимаваат со вежбање имаат заедничка цел: ЗДРАВЈЕ!

За полесно да ги победите предрасудите за начинот на вежбање во теретана, прочитајте ги следниве совети и појдете храбро.

Кога ќе се одлучите да почнете со вежбање, одлучете се за онаа теретана во која ќе се чувствувате најудобно. Исто така проверете дали теретаната во која сте се одлучиле да вежбате е чиста и уредна. Забележете дали персоналот кој работи во истата е едуциран, културен, пристоен и да сакаат љубезно да ви помогнат секој пат кога ви е потребно и кога ќе ги прашате за совет.

Доколку ви е прв пат во теретана и прв пат како се запознавате со справите кои се наоѓаат во неа, слободно консултирате се за стручно мислење од стручно лице, сепак се работи за вашето здравје.

Побарајте од персоналот односно фитнес инструкторите да ви ги претстават сите справи, да ви ја кажат функцијата на истите и да ви ги покажат како правилно да ги изведувате вежбите, и секако не се очекува од вас сето тоа да го запамтите од прва, па затоа е важно тие да бидат љубезни со вас и да ви помагаат и вториот и третиот пат доколку вие потребно и да ви ги објаснат повторно.

Пред да започнете со вашиот тренинг, на лицето кое е задолжено да ја изготви вашата фитнес програма задолжително кажете си ја вашата желба и цел која сакате да ја постигнете со вежбање.

1. Како ќе ги користите сите справи и тегови?

Во теретаните се користат два основни вида на опрема: слободна тежина и справи. Добро избалансирана програма ги содржи и двете. Користење на справите се прави попрецизно и поконтролирано, додека слободните тежини овозможуваат поголем оптег на движења.

Во слободна тежина спаѓаат бучици и шипките за вежбање. И на едните и другите може да се додава килажа во зависност од вашите можности, но има шипки и бучици кои веќе се со фиксна килажа па не е потребно да губите време во додавање на килажа.

Во повеќето теретани можете да ги сретнете така наречените Олимписки шипки кои сами по себе тежат 20кг, и најчесто се користат за потисок на коса клупа, рамна клупа или контра коса клупа ( bench press ).

Додека справите, тие се во голем број и за најразлична мускулна група. Најважно од се е да се консултирате со фитнес инструкторите за нивното подесување и користење.

2. Каква облека за вежбање да понесете со себе?

Опремата која ќе ја понесете за вежбање пред се треба да ви биде чиста и удобна за носење. Да бидете сигурни дека нема да ви пречи и стега додека ги изведувате вежбите. Памучна маичка со малку ликра е одличен избор за во теретана. Патики, секако чисти кои не ги користите за надворешна употреба. Никогаш не практикувајте да вежбате боси, се со цел да не се повредите.

3. Корисни и модерни, но не толку битни додатоци!

-Ракавици, не се неопходни но со нив полесно ќе ги држите теговите и справите, особено доколку имате проблем со потење на дланките.

-Појас, многу корисен додаток доколку работите со поголема килажа, со цел да ја заштитите вашата кичма од несака повреда, особено ако изведувате вежбите како чучњеви или “мртво“ дигање.

-Шише со вода, доколку си имате омилено шише за вода понесете си го со вас во теретана. Практикувајте на паузите помеѓу серии да одпивате по многу малку вода.

-Крпа/пешкир, препорачливо е да ја носите со себе од хигиенски причини. Практикуваје пред да седнете или легнете на некоја од справите да го постелете вашиот пешкир.

4.Дишење и држење на вашето тело!

Дишењето и држењето на вашето тело при изведување на вежбата се две основи работи на кои мора да внимавате. Секогаш внимавајте вашата кичма да е права, во спротивно можете да имате негативни последици при изведување на вежбите, додека кај дишењето најбитно од се е да не го држите воздухот во себе додека вежбате.

Секојпат кога чувствувате напор во изведување на вежбата тогаш го испуштате воздухот.

Со овие неколку совети сте спремни да се зачлените во теретана, затоа немојте да го губите своето време и “фрлете“ се на вежбање.

Боди билдинг и фитнес клубот – Проект Фит се тука за вас да ви изготват индивидуална фитнес програма, план за исхрана и ви нуди стручен персонал кој ќе ви покаже и помага секој пат правилно да ги изведувате вежбите.

Ве очекуваме!

Со почит,

Проект Фит