5 вежби за ПОДОБРУВАЊЕ НА ЦИРКУЛАЦИЈАТА во нозете (ПОПУШТЕНИТЕ ВЕНИ СТАНУВААТ МИНАТО)…
Неопходно е да се разбере како функционира нашиот циркулаторен систем. Срцето е главниот орган одговорен за пумпање крв низ телото, носејќи кислород и хранливи материи до секој агол на нашето тело.
Кога крвта се пумпа до нозете, таа мора да се врати во срцето. Мускулната контракција го помага овој процес, бидејќи кога мускулите се собираат и опуштаат, тие ги „масираат“ вените и ја туркаат крвта нагоре, олеснувајќи го нејзиното враќање во срцето. Ова го нарекуваме венско враќање.
Затоа, одржувањето на активноста на нашите мускули е од суштинско значење за добра циркулација. Сега кога ја сфативме важноста на вежбањето, да ги погледнеме 5-те најефикасни вежби за подобрување на циркулацијата на нозете.
Овие 5 вежби се совршени за подобрување на циркулацијата во нозете, а достапни се за секоја возраст и физичка состојба.
Можете да ги правите сите по ред во форма на циклус, само 10 минути ќе бидат доволни и вашите нозе ќе се чувствуваат многу поодморено, или ако имате повеќе време, вклучете една или две дополнителни серии од секоја вежба за да добиете поголема корист.
Доколку работите седнати цел ден и ако не се движите повеќе од 7 часа на ден, крвта ќе има многу потешкотии да се врати до срцето, и тогаш се јавуваат проблеми од типот на проширени вени, тежина во нозете или венска тромбоза.
Некои вежби можете да ги правите и додека сте седнати, а никој да не ве забележи:
ПРВА ВЕЖБА:
Нозете треба да ви се боси и да ги подигнете прстите нагоре колку што можете повеќе (2:15 во видеото) и да изброите до три, а потоа спуштете ги и згрчете ги кон внатре колку што можете повеќе, еден, два, три…Направете 10 повторувања.
ВТОРА ВЕЖБА:
Подигнете ги петите високо потпирајќи се само на предниот дел од стапалата со прстите, избројте до три, па спушетете ги стапалата на тлото и подигнете го горниот дел сосе прстите, па повторно избројте до три.
Исто како да сте се качиле на високи потпетици, а потоа ја заменувате положбата, обратно. Ако со првата вежба сте ја потикнале крвта да се раздвижи и да започне да се враќа, со оваа вежба во голема мера ги раздвижувате вените, а со тоа и циркулацијата. Повторете 10 пати.
ТРЕТА ВЕЖБА:
Раширете ги нозете во колената и ставете ги рацете на колената, па подигнете ги стапала на внатрешната страна, потпрени само на надворешниот дел од двете стапала. Избројте до три, па направете спротивно движење.
Во секоја положба задржете се по три секунди и обидете се да не го правите движењето од колковите, туку од зглобовите на стапалата. Затоа потпирајте ги рацете на колената. Повторете 10 пати.
ЧЕТВРТА ВЕЖБА 7:36 во видеото:
Ставете ја едната нога преку коленото на другата нога, па започнете со кружни движења на стапалото во еден правец, а потоа и во обратен правец. Направете по 10 кругови нанадвор и 10 навнатре. Повторете и со другата нога.
ПЕТТА ВЕЖБА 9:33 во видеото:
Испружете ја едната нога пред вас и повлечете ги прстите од стапалото колку што можете кон вас. задржете се три секунди, па спушете ја и повторете со другата нога.
Ако сте во канцеларија и не можете ова да го изведувате пред колегите, тогаш направете ја следната алтернатива која користи изометриска контракција:
Притискајте наизменично со стапалата колку можете кон дното. Ќе почувствувате контракции во мускулите на бутовите и глутеусите, а со тоа и раздвижувањето ќе биде комплетирано. Изведувањето на вежбите погледнете ги во видеото ОВДЕ.