Подгответе се за еден од најдобрите сетови вежби за тенок струк и цврсти странични мускули на половината. Не само што ќе ви се затегне и дефинира стомакот, туку ќе добиете и убав обликуван струк.

Со убав рамен стомак и тенка половина, гордо ќе носите кратки маички, без познатата „гума за пливање“ која често се јавува од опуштена кожа и вишок масно ткиво во овој предел. Со само седум минути еднаш или двапати неделно, вашиот сон може да стане реалност.

Немате потреба од дополнителни алатки, тегови или пак, да одите во теретана. Никаква опрема не ви е потребна, а вежбите можете да ги изведувате каде и да посакате. Сетот вежби е целоснен и нема подобри од нив.

Само следете го редоследот и правете како што е објаснето. Ако ви е потребен одмор, само паузирајте го видеото, а штом ви се врати силата, продолжете. Со текот на времето, како што ќе ги совладувате вежбите една по една, ќе можете да ги изведете сите докрај, без паузи.

Во продолжение можете да ги погледнете најдобрите вежби што постојат. За сите почетници, треба да имаат на ум дека не се лесни и дека најпрво треба да го изледаат видеото за да знаат што ги очекува.

Пред опочнување со вежбите, советувајте се со вашиот лекар и тренер за своите можности во зависност од физичката подготвеност, но и здравствената состојба. Овие вежби се осмислени за обликување на стомачните, странични мускули. Видеото погледнете го ОВДЕ.