Вежбите против зуење во ушите се засноваат врз принципите на традиционалната кинеска медицина. Лесни се за изведување. Пожелно е да се изведуваат двапати дневно, минимум 2 до 3 недели, по потреба и подолго.

Овие вежби против тинитус всушност дејствуваат преку зголемување на циркулацијата во делот на главата каде се наоѓаат ушните канали и нервите, а подобриот проток на крвта носи и олеснување на симптомите од тинитус.

Во завинсост од интензитетот на тегобите, овие вежби значително го намалуваат зуењето во ушите, а кај некои луѓе и целосно прекинува, односно доаѓа до ослободување од тинитусот.

Кај голем процент луѓе е забележано моментно ослободување на тегобите после изведувањето на овие вежби, а речиси кај сите значително е подобрувањето после две-три недели, подобро спијат и воопшто симптомите кои се поврзани со тинитусот се намалени или целосно ги нема.

ВЕЖБА 1: Оваа вежба е наменета за загревање и е наречена „клампавење“, бидејќи потребно е со горниот дел од ушната школка да се покрие внатрешниот дел од увото со лесно притискање како да се затвора (покрива) ушниот отвор.

Се изведува со помош на дланките (шаките) без силно притискање, во времетраење од секунда. се прават 20 повторувања. Веднаш се продолжува со следната вежба и треба да почувствувате топлина во овој дел од ушите, односно загревање.

ВЕЖБА 2: Масажа на слепоочници со помош на дланките и тоа со нивниот внатрешен, палмарен дел, со движења гору-долу. Се изведува исто така 20-тина секунди, односно 20 повторувања. По завршување задржете ги дланките и бројте до 10 за да се сочува топлината и енергијата.

После оваа вежба може да почувствувате благо пулсирање и топлина во овој дел од главата и тоа е токму тоа што треба да се постигне, односно подобра циркулација. Без разлика дали имате зуење само во едното уво или во двете уши, правете ги еднакво сите вежби по дадениот редослед.

ВЕЖБА 3: За оваа вежба потребен ви е палецот на раката а таргентна точка е средишниот дел од увото наречен трагус. Со палецот треба да го буткате кон внатре, 30 пати на едното уво и 30 пати на другото уво. По завршувањето треба да го задржите палецот 10 секунди.

ВЕЖБА 4: Исто како вежба 3, но овојпат двете уши истовременот се притискаат со плаците врз трагусот, а после 30 повторувања се задржуваат палците на местото во времетраење од 10 секунди.

ВЕЖБА 5: прстите на рацете наместете ги во вид на канџи, а со врвовите-јагодиците од прстите треба да се тапкате по глава, почнувајќи од тилот и движејќи се зад увото во правец кон слепоочниците. Се изведува истовремено со двете раце, горе-долу, 40 пати.

После 20 повторување одморете ги малку прстите, неколку секунди, па направете ги остатокот од 20 повторувања.

ВЕЖБА 6: Со оваа вежба се прави еден вид одзатнување на увото. Со внатрешниот дел од дланката се притиска ушниот отвор да се затвори речиси вакуумски, а кога ќе ја тргнете треба да слушнете „плоп“, слично како кога отпушувате некој одвод. Се изведува по 10 пати од секоја страна.

ВЕЖБА 7: Оваа вежба е многу значајна за сите кои имаат проблем со синуси или ако зуењето на ушите настанало како резултат на некоја инфекција. Носот треба да се затне со два прста (како кога се нурнувате во вода) и да направите обид силно да го издувате (но, нели не можете, бидејќи носот е затнат со прстите).

На овој начин доаѓа до изедначување на притисокот во средното уво. Се повторува 30 пати. На почетокот може да почнете полесно додека да се привикнете, а подоцна, колку посилно дувате, толку подобро.

ВЕЖБА 8: Оваа последна вежба е многу значајна за лицата кои имаат проблеми со мозочни функции, а зуењето во ушите е причинето поради проблем со нервни влакна кои ги спроведуваат слушните дразби.

Се изведува со одреден притисок во пределот на тилот, каде косата завршува на задниот дел од вратниот дел. Тапкањето се извршува индиректно преку прстите, показалецот и средниот прст и нивно преклопување како што е прикажано во видеото ОВДЕ.