Со пристигнувањето на летото сите треба да одиме на летување и на плажа да изгледаме што подобро. Меѓутоа, доколку сèуште имате вишок килограми, а особено ви смета салото кое се наталожило околу стомакот, тогаш веруваме дека овие вежби ќе ви бидат од голема помош:
1.ВЕЖБА: Легнете на грб со рацете од двете страни покрај телото. Свиткајте ги колената, а стапалата нека бидат рамно со подлогата. Подигнете ги прстите највисоко што можете без да ги одлепите петите од подот. Вратете ги назад и повторувајте 40 секунди.
2.ВЕЖБА: Истата положба како и кај претходната вежба, а потоа нозете со споени колена спушетет ги на едната, па на другата страна. Притоа освен нозете ги движите и страничните стомачни мускули.
3.ВЕЖБА: Заземете ја истата положба како и во претходните две, односно легнете на грб со рацете испружени покрај телото и нозете свиткани во колената. Потоа целосно испружете ја левата нога на подлогата, па вратете ја повторно свиткана во коленото. Повторувајте наизменично со двете нозе.
4.ВЕЖБА: Легнете на стомак со испружнеи нозе, а горниот дел на телото потпрете го на подлактиците. Свиткајте ја ногата во коленото доближувајќи се до глутеусите, па спушете ја, а потоа истото направете го и со другата нога. Повторувајте наизменично.
5.ВЕЖБА: легнете поврторно на грб, како при првата вежба. Раширете ги нозете без да ги одвоите стапалата од подот, така што колената што повеќе да се наближат кон тлото. Вратете ги во првобитната положба и повторете.
Темпото на изведување сосе времето за пауза најдобро е да се следи според видеоинструкциите. Последната 6.вежба, како и изведувањето на сите претходни вежби, можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ: