ГРИП: Кога ќе имаме епидемија и каков ќе биде вирусот?

-Епидемија на грип се нарекува поради големиот број заболени и долгото траење на сезоната на грипот, а не поради мутацијата на вирусот. Еднаш штом се заразите, инкубацијата е помала од 24 часа што предизвикува “експлозивна епидемија”.

Вирусот на грипот се шири пред првите знаци на болеста, а има голема способност за постојани генетски мутации што му овозможуваат секоја сезона да се појави во некој друг облик. Еден заболен може да зарази дури и до 12 луѓе!

Тогаш, каков вирус не’ очекува оваа година?

Според најавите на лекарите, вирусот на грипот нема да биде специјално “разорен” ниту ќе се случи пандемија, но можно е да има неколку десетици пациенти со хронични заболувања и компликации кои би можеле да имаат смртен исход.

-Епидемија на грип се нарекува поради големиот број заболени и долгото траење на сезоната на грипот, а не поради мутацијата на вирусот. Еднаш штом се заразите, инкубацијата е помала од 24 часа што предизвикува “експлозивна епидемија”- објаснуваат лекарите.

Децата се главниот генератор за ширење на грипот. Од градинка или од училиште го носат дома, го заразуваат семејството, а возрасните понатаму го пренесуваат во работниот колектив. Децата се подолго време заразни, а вирусот го “влечат” и до две седмици. И луѓето со слаб имунитет го носат вирусот многу подолго отколку здравите луѓе.

Грипот дава тешка клиничка слика, особено кај луѓето со послаб имунитет. Последниве години дојде до пораст на бројката со компликации предизвикани од грип, па дури имаме и петпати поголем број на хоспитализација на таквите пациенти, а оваа година се очекува да има повеќе десетици до стотина пациенти кои би можеле да завршат во болница со смртен исход.

Најновите податоци покажуваат дека во секоја земја од грип годишно умираат исто толку луѓе колку што гинат од сообраќајни несреќи.

Дијагнозата на грип во секојдневната пракса се поставува врз основа на симптомите, а клиничката слика може да биде многу различна и нетипична.

Се пренесува на лица со близок контакт (преку капки, при кашлање) во зимските месеци кога владее сезоната на грип. Грипот најчесто е самоизлечива болест, а тежината и ја даваат бројни компликации. Дали ќе дојде до компликации, зависи од отпорноста на домаќинот (општа и специфична) како и од агресивноста на вирусот.

Времето поминато од инфицирање со вирусот до појава на симптомите се нарекува инкубација. Кај грипот ова време е многу кратко и трае од два до три дена.

Симптомите на грипот се многу бурни. Висока температура преку 39 степени, општа слабост, малаксалост, болки во мускулите, коските како и губиток на апетит. Сува и исцрпувачка кашлица. Грип без пропратни компликации во типичен облик трае четири до седум дена. Новиот скок на на температурите после седум дена упатува на веројатна компликација на грипот, најчесто воспаление на белите дробови, синусите или средното уво. Од тие причини, доколку температурата потрае подолго од пет до шест дена, неопходен е лекарски преглед.

Заштитната маска нема многу да помогне во спречување на заразите бидејќи не можете вакумски да ја прилепите до кожата. Ситните капки преку кои се пренесува вирусот секогаш го пронаоѓаат својот пат. Но, лекарите велат, дека може да се делува превентивно, бидејќи сите сме склони на чепкање на нос, шепкање на веѓите или општо допирање на лицето и слузокожата.

Треба да се знае дека грипот не се лекува со антибиотици, бидејќи за грипот нема лек, но затоа постојат вакцини. Ако ве фати вирусот, потребно е мирување за да му се овозможи на организмот дополнителна енергија за да се избори со вирусот и побрзо да закрепна. Важна е надокнадата на течности и спроведување на симптоматска терапија.