Шест лица загинаа, а стотици се повредени во невремето што во средата вечерта на 19 јули ги зафати Словенија, Хрватска, БиХ и Србија.

Четири лица загинаа во Хрватска и по едно во БиХ и Словенија. Состојбата во Хрватска се стабилизира, а до крајот на неделата се предвидуваат грмежи и силна бура.

Бројот на загинати во Хрватска се искачи на четири, а на интернет се шират страшни видеа.

Во невремето загина и пожарникар, двајца загинаа во Загреб, еден во Славонија, 100 се повредени, изјави Дамир Трут, директор на Управата за цивилна заштита за Дневник.хр.

Починатиот пожарникар бил на интервенција во Вуковарско-сремската жупанија.

Да потсетиме, во тек е санација на штетите и чистење на улиците во Загреб по страшното невреме. Штетите се собираат и во другите делови на Хрватска кои беа погодени од невремето.

Градот Загреб утрово испрати предупредување до граѓаните.

– Ги замолуваме граѓаните заради сопствена безбедност да избегнуваат да ги посетуваат парковите додека не се санираат опасните, навалени дрвја и гранки – предупредуваат од Градот. Видео од близина на Белград:

„ФРЛИ ГО ЦВЕЌЕТО, БРЕ, ТОРНАДО! ВО ПОДРУМ“Неверојатно видео во близина на Белград, преплашени луѓе