СИЛНО ТОРНАДО ВО ИТАЛИЈА: Во еден миг денот се претвори во ноќ

Италија денес беше погодена од силно торнадо, а на социјалните мрежи постојано се споделуваат застрашувачки снимки.

Силно невреме со екстремни појави како торнадо и топки град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето – во периодот од синоќа до денес.

Утрово торнадото пристигна во североисточниот дел на Милано.

Пожарникарите извршиле околу 110 интервенции на поплави, урнати покриви и соборени дрвја по силното невреме, пишува „Кориера дела сера“.

Ветрот собори дрвја, град оштети автомобили и покриви, а патиштата беа поплавени. На два покрива избувнал пожар и тие биле погодени од гром. Засега нема информации за жртви.

Како што може да се види на мапата за следење, невремето се движи кон Словенија.

Претходна статија„Ех, ма каков сладолед и чизкејк!“: Направете си го овој едноставен десерт збогатен со плазма, нема да се покаете (ШНЕНОКЛИ на модерен начин)
Следна статијаОВА ГО НЕМА НИ НА ФИЛМ: Снимка од новата бура во Хрватска: „Небо и земја се споија, ветрот ги корне дрвата“