Во Загреб во текот на страшното невреме падна кран-дигалка на едно од градилиштата во близина на приодот на Барун Филиповиќ.

Засега нема информации дали има повредени во невремето. Штети има низ целиот град, постојано проистигаат нови известувања од мештаните за настанати штети низ целиот град.

Пожарникарите имаат полни раце работа. Иако сè уште нема официјални информации, „Јутарњи лист“ неофицијално дознава дека службите се обидуваат да го извлечат човекот од неа. Засега не се знае каква е неговата состојба и дали информацијата е точна.

Поради невремето, сите линии на различните градски служби од противпожарната бригада до брзата помош, во моментов се зафатени со огромен број повици.

„Ги замолуваме жителите на Загреб да се јават само во случај на опасност по живот и екстремни вонредни ситуации додека не се стабилизира состојбата“, соопштија од Град Загреб. Видеото погледнете го ОВДЕ.