Скришни тајни кои не сакаат никому да ги откријат: биковите бегаат во осаменост, шкорпиите во лудило

Секој знак крие некоја тајна. Која е вашата?

Секој хороскопски знак крие свои тајни, она на што е особно чувствителен. Во овој хороскоп прочитајте како навиките, начинот на размислување и чувствителноста влијаат врз вашето расположение.

ОВЕН

Припадниците на овој знак се познати по својот енергичен дух. Марс управува со овие љубопитни и одлучни лица. Овновите во се’ приоѓаат со полет и занос, но исто така брзо се’ напуштаат штом возбудувањето помине. Имаат чести проблеми со главата. Очи, уши и нос се најчести причини за лоша состојба на организмот, но поради својата доминантна природа Овновите се во состојба со тоа да излезат на крај и да ги победат тегобите.

Доколку лицето родено во знакот на овенот западне во депресија, може да се одаде на алкохол или дрога; тогаш овој исклучителен ум не е во состојба да го контролира проблемот. Да ја победите депресијата, потребни се долги прошетки во природа или умерени физички вежби. Внесувајте повеќе храна која содржи калиум-фосфати, како што се зелена салата, кромид, спанаќ, јаболко и ореви.

БИК

Припадниците на овој земјен знак обично се многу силни личности, иако често се претерано загрижени. Биковите се познати по својата практичност, внимателност и упорност. Иако ова се се’ убави особини, Бикот многу лесно паѓа во депресија доколку е принуден да направи поголеми промени во својот живот.

Неспособноста за прилагодување всушност е нивната најголема самопоразувачка особина. Венера ги наградила овие припадници со грациозност и убавина. Бикот, меѓутоа, е склон на проблеми со грлото, вратот и штитната жлезда. Првиот ладен ветер може кај нив да предизвика воспаление на грло, но истото може да биде последица и до вознемиреност.

Најдобриот лек кога ќе западнете во депресија е веднаш да земете одмор и да побегнете од причината на своите проблеми. Она што важи за останатите, корисно е и за вас – промена на околинаа, луѓето и соодветна исхрана. Може да ви помогнат намирници богати со соли – натриумсулфат, како што се сиров зеленчук, овошје и зелени плодови.

БЛИЗНАЦИ

Меркур, богот на комуникација и брзина, управува со овој знак. Близнаците се друштвени, интелектуални и секогаш во движење. Ретко кога одвојуваат потребно време за оброци, а најчесто тоа се сведува на кафе за појадок или минерална вода и чипс и ручек.

Близнаците се друштвено активни и обдарени со прекрасна особина да ги забавуваат сите околу себеси со својата духовитост. Тие се угодно и пожелно друштво, но за себе не водат доволно сметка. Со неправилна исхрана и недоволен одмор, овие брзи и ментално постојано активни лица често себеси се доведуваат во исклучителна нервоза.

Близнаците најчесто ги мачат проблеми со нервниот систем, рамењата, рацете и белите дробови. Депресијата и нервните пречки одат најчесто рака под рака. Биохемиската работа која на Близнаците им е потребна во исхраната е сол на калиум хлорид. Ја има во кајсиите, јаболката, целерот, цвеклото, зелените мешунки, аспарагус.

РАК

Ракот е креативна, чувствителна и интуитивна личност. Ужива во својот дом. Претераната чувствителност е причина за честата молчевилост и психосоматски заболувања.

Депресијата е честа, па така лицата родени во овој знак мора да се заштитат себеси и помалку да ги превземаат туѓите проблеми и чувства, да не ставаат се’ на срце. Во спротивно, тешко ќе го одбегнат стресот и нервната напнатост. Овој знак е поврзан со желудникот, бубрезите, градите и дигестивниот систем, па затоа овие органи се посебно чувствителни.

Лицата родени во знакот на Рак често добиваат чир на желудникот. Најмногу им годи тишина, мир, размислување во самотија. Уживаат во природа и животни. Калциум-флуоридот е биохемиската состојка која поволно влијае врз нивното здравје. Оваа состојка најмногу ја има во производите од ориз.

ЛАВ

Овие паметни, весели и страсни лица секогаш се опкружени со мноштво пријатели и познаници. Оптимизмот и енергијата на лавовите ги инспирираат оние помалку амбициозните, а храбрите оптимисти на уште поуспешни потфати.

Сепак, лавот како Сончев знак, чувствителен е на премногу оптеретување. Потребно е некогаш да се каже и „не“, а и да се научи да се канализира својот ентузијазам во точно одредени подрачја на интерес.

Грозници и симптоми поврзани со нив, се вообичаени за лавот кога е уморен или депресивен. Одморот во предели со топла, сончева клима ќе направат повторно да заблескате со стариот сјај. Биохемиската сол која им одговара на лавовите е магнезиум-фосфат. Најмногу се содржи во житариците како што се: овес, јачмен, ориз, и ’рж. Не заборавајте на грав, грашок, капини и аспарагус.

ДЕВИЦА

Иако повеќето припадници на овој знак делуваат студено, незаинтересирано и неемотивно, длабоко во нив се крие желба за љубов и наклонетост. Од непознати причини лицата родени во овој знак имаат потешкотии со изразувањето на своите емоции.

Тогаш депресијата станува реалност, а нивните грижи и немир стануваат поголеми. Стомакот, цревата и желудникот се поврзани со девицата. Припадниците на овој знак имаат почесто отколку другите, проблеми со кожата. Кога Девицата е во депресија мора да научи да ги контролира неочекуваните емоции.

Побегнете од ситуациите кои ви предизвикуваат проблеми: одморете се и препуштете се на размислувањето. А потоа, со помош на својот истенчен интелект, анализирајте и со помош на логика разрешете го проблемот. Златната боја на раната есен ви носи топлина и живост, а кај девиците носи смиреност.

Биохемиската сол за овој знак е калиум сулфат. Се содржи во големи количини во зелената салата, морковот, јаболката, јагодите, оризот и производи од пченица.

ВАГА

Припадникот на планетата Венера има изразена потреба за рамнотежа и склад за да се чувствува задоволно. Секогаш е во потреба по убавина, припадниците на овој знак, грубоста и сировоста ја доживуваат како емотивно вознемирување.

Поради нивната природа и допадливост многумина им завидуваат, што во ни буди чувство на несклад и раздор, а со самото тоа и депресија; во тие моменти тие се убедени дека некого навредиле. Одморот и медитацијата им се неопходни на овие лица за да постигнат внатрешна сигурност.

Побарајте убавина во музеите, природата или во музиката. Овој знак е поврзан со кожата, бубрезите и долниот дел на грбот. Нужно е вагите да си признаат себеси дека се болни или несреќни, и тоа да им го стават на другите на знаење, бидејќи тие навистина ретко изгледаат болно или несреќно. Биохемислата сол која им одговара е натриум-фосфат, а може да се најде во пченка, кикирики, капини, јагоди, целер, пченица и ориз.

ШКОРПИЈА

Нивната остроумност се огледува преку брзите и духовити одговори кои ги имаат за секое прашање. Меѓутоа, бидејќи нивна слаба страна е сарказмот, многу лесно нивните зборови стануваат непријателски и арогантни, па често доведуваат до раскин на пријателствата.

За повеќето шкорпии важи правилото дека се драматични, страстни, а нивните расположенија се брзи и драстични како последица на нивната емоционална нестабилност. Затоа многу тешко задржуваат пријателства.

Овие чести промени на емоциите Шкорпиите обично ги кријат од другите, со што си создаваат внатрешен конфликт. Затоа не е ни чудно дека луѓето родени во овој знак често се јавуваат на лекар кој има потешкотии да ја утврди дијагнозата за непостоечката болест.

Овој знак е поврзан со полови органи. Меѓутоа, најчестите проблеми кои ги имаат се стресот и нервните тегоби, а сето тоа поради нивната психичка доминантност, сложена емоционална структура и постојани психички активности.

Им се препорачува одморање во морна и опуштена атмосфера. Одбегнување на луѓе и ситуации кои ги лутат и раздразнуваат. Биохемиската сол која им одговара на овие луѓе е калциум сулфат, а може да се најде во салата, кељ, карфиол, капини, млеко и јаткасто овошје.

СТРЕЛЕЦ

Припадниците на овој знак ги обожуваат сите видови на активности. Постојано се во движење, но тоа доведува до бројни проблеми и шинувања на рачните и скочните зглобови, гребаници и модринки.

Стрелецот е многу лесно да се вовлече во вербален или интелектуален конфликт. И покрај тоа, тие секогаш се посакувани пријатели. Со овој знак управува Јупитер, благодарение на кој често патат од депресија. Овој знак е поврзан исто така со колкови, бедра, црн дроб и крв.

Кога Стрелецот ќе се соочи со ревматизам или фрактура на рака или нога, бегајте од него што подалеку. Многу е важно што поскоро да оздрави, бидејќи тие не можат да преживеат без активност и движење.

Додека закрепнуваат понудете им поттикнувачка литература која ќе може да ја инспирира нивната креативност. Биохемиска сол на овој знак е силициум – диоксид, која најмногу ја има во јаболка, аспарагус, зелена салата, компир, смокви и интегрални житарици.

ЈАРЕЦ

Со нив владее Сатурн, господарот на дисциплината и мудроста, поседува одлучност, доверба и длабокоумственост. Овие личности се духовно силни и другите често ги сметаат за осаменици. Тие се родени водачи, па затоа секогаш преземаат повеќе одговорност отколку што се очекува од нив.

Иако јарците ретко се жалат на теретот од обврските, тоа може да влијае врз здравјето, па да патат од висок крвен притисок, стрес или малаксалост. За да се надмино ова треба да се опкружуваат со весели и безгрижни луѓе. Се’ што предизвикува радост и добро расположение треба да се употреби во борбата против депресија.

Овој знак е поврзан со слезина, коски, колена и други зглобови. Припадниците на овој во повозрасни години може да заболат од ревматизам или воспаление на зглобовите почесто отколку од други болести, иако обично се долговечни.

Нивната омилена храна е многу едноставна, понекогаш дури и безвкусна. Биохемиската сол која одговара на овие лица е калциум-фосфат, а ја има и во млекото, сирењето, јогуртот и интегралните житарици. Оваа сол помага за кајнење на коските.

ВОДОЛИЈА

Припадниците на овој знак се познати по своите брзи промени на расположение и лесно запаѓање од состојба на веселост и смеење во лутење и грубост. Нивната планета е Уран кој господари со неочувани и ненадејни случувања и многу брз процес на размислување.

Овој знак поседува голем инстинкт за хуманост и добродетелство од љубов кон човештвото, како интуитивно разбирање на животот.

Депресија и нервна напнатост се честа појава кај лицата родени во овој знак. Зглобовите и листовите се доста осетливи кај Водолиите, па треба да се заштитат од проширени вени и слаба циркулација. Водолиите се склони на фантазирање и мечтаење, па затоа се креатори на своите психосоматски болести.

Биохемиската сол која им одговара на овие лица е натриум хлорид, или кујнска сол, а природни извори се бананите, ротквиците, кикириките, путерот и сирењето.

РИБИ

Припадниците на овој знак имаат чувствителни стапала, но покрај ова мора да се чуваат од воспаление на бели дробови, настинки и други болести на дишните патишта. Планетата Нептун им подари доза мистериозност и интуитивна сила. Рибите се склони да преземаат туѓи проблеми и оптеретувања, а понекогаш воопшто не ги разбираат истите.

Благодарение на својата креативност и досетливост, Рибите се во состојба да смислат најнеобични болести и да поверуваат дека од нив боледуваат, па макар за нив само да начуле. Рибите се постојана потрага по рамнотежа, хармонија и мир. Кога ќе успеат да сфатат дека нивните мрачни размислувања се причина за нивната депресија, ќе се потрудат што поскоро да ја надминат таа состојба.

Треба почесто да бидат во друштво, да стапуваат во контакти со луѓе и да одбегнуваат самотија. Големо влијание врз нивното расположение и одбегнување на депресијата има нивната омилена музика, која треба почесто да ја слушаат, додека се одмораат, читаат или нешто работат.

Биохемиската сол која им одговара на рибите е железо фосфат, а може да се најде во интегрални житарици, зелена салата и тиква.