Ова ќе ве подигне од постела кога ништо друго нема да може: ИНТЕНЗИВЕН напиток

Нема да ве лажеме: овој напиток е многу интензивен. Содржи лимонов сок, лук, ѓумбир и кајенска пиперка, а доволни се околу 60 мл за да ве подигне кога сте болни од потешки настинки!

Во зависност од саканиот интензитет, можете да го прилагодите односот на лукот и ѓумбирот. Време на приготвување: 5 минути!

Потребни состојки:

1 лимон, излупен

1 – 4 чешниња лук

2-3 см корен од свеж ѓумбир

1 прстофат кајенска пипер (на врв од ножот)

Постапка:

Ставете ги сите состојки во блендер и миксајте додека да се изедначат, а одозгора наросете лут црвен прав (на врв од ножот, а доколку немате во моментот кајенска пипер, користете црн мелен пипер).

Напитокот испијте го одеднаш.

Кога ќе изминат неколку часа, пригответе го следниот напиток:

-исцедете лимонов сок од 1 лимон, ставете го во висока чаша, па додадете половина лажичка сода бикарбона. Ќе се појави пена поради настанатата реакција, па кога ќе се смири, испијте го напитокот одеднаш.

Претходна статијаЗа да не ви виси стомакот: ароматичен напиток за слабеење
Следна статијаСкришни тајни кои не сакаат никому да ги откријат: биковите бегаат во осаменост, шкорпиите во лудило