Колкав е рокот на намирниците откако ќе ги отворите: ОВА мора да го знаете

Отворените кикирики смеат да стојат најмногу 30 дена. После тоа во нив се развива опасната габа Aspergillus flavus која го произведува еден од најопасните отрови кој пак може да причини рак на црниот дроб!

Можеби е време тоа сега да го направите. Имате ли во кујната отворена кеса со кикирики што сте ја отвориле пред два месеци, а не сте ги изеле сите?

Ако сега се сетивте на кикирите кои сте ги отвориле пред подолго време, фрлете ги. Кикириките смеат да стојат отворени најдолго еден месец!

Затоа, кога купувате поголемо количество кикирики, а не можете за кратко време да ги изедете сите, најдобро е да ги поделите со пријателите, а доколку повторно ви се пријадат, купете нови.

Освен кикириките, сите намирници имаат свој рок на траење и иако на пример постои мислење дека тестенините смеат да стојат отворени со години, тоа не е точно.

Во продолжение, дознајте колку долго поедини намирници можат да стојат отворени и кога е време да ги фрлите.

1.Сушени зачински билки

Босилекот на пример мора да го искористите во рок од една година. Иако нема здравствено да ви наштети, сепак, храната која ќе ја зачините со стар босилек кој ви стоел две години, нема да биде највкусна. Истото важи за сите зачини. Поради тоа, еднаш годишно правете селекција на зачините кои ги чувате во кујната.

2.Интегрален ориз

Искористете го во рок од 3 до 6 месеци. За разлика од белиот ориз, интегралниот брзо се расипува поради маслата кои ги содржи. Затоа немојте да го користите после 6 месеци стоење.

3.Брашно

Искористете го во рок од шест месеци. Рокот на траење на брашното е многу пократок отколку што луѓето мислат. Ако го чувате и понатаму отворено, не се чудете ако во него пронајдете бубачки.

4.Тестенини

Искористете ги во текот на една година. После тоа тие стануваат лепливи и млитави. Нема да се разболите ако ги изедете, но нема да ви бидат претерано вкусни.

5.Чај

Отворената кутија со чај искористете ја во рок од три месеци, а неотворена може да стои до една година. Отворениот чај после три месеци ги губи сите свои својства.

6.Мед

Искористете го во текот на шест седмици откако сте го отвориле. Кога ќе го отворите медот треба да го чувате во фрижидер. Исто така, внимавајте да не паѓаат трошки од леб во медот додека го мачкате, бидејќи трошките можат да развијат лоши микроорганизми и мувла кои се штетни по здравјето на организмот.

7.Растителни масла

Искористете ги во рок од една година. Нема полошо од мирисот на „ужегнато“ масло. Кокосовото масло и путер се најчувствителни, па поради тоа не ги чувајте близу извор на топлина, туку на ладно и темно место.