ЕФИКАСЕН И ЕВТИН ОСВЕЖУВАЧ НА ВОЗДУХОТ ВО ТОАЛЕТОТ И БАЊАТА: Трае многу подолго и мириса многу поубаво!

Неодамна на Интернет наидов на овој совет за едноставен и евтин освежувач, го испробав, се воодушеви и срдечно го препорачувам. Вреди да го испробате и вие…-Јафи. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 паста за заби, најдобро гел, со ментол или друга состојка по ваш избор
игла или мини ножички за нокти, за дупнување
игла и конец, опционално

ПОСТАПКА:

Земете паста за заби со вкус на мента, а најдобро би било да биде гел. Дупнете ја на повеќе места со игла или со мини ножички. Дупките не смеат да бидат големи!

Ставете ја во казанчето. За да спречите пастата да не ви падне на дното и да блокира во казанчето (зависи од самото казанче), со дебела игла боцнете ја пастата при дното и провлечете цврст конец (може и конец за заби или рибарски конец).

Врзете го конецот од надворешна страна на вентилот, тој нема да се гледа, а од пастата малку по малку ќе истекува во водата.

При секое повлекување, водата ќе раствора по малку од пастата и ќе излегува ароматизирана вода со мирис на мента.

Можете да земете и некој друг мирис, по ваша желба, а мирисот ќе биде пријатен и освежителен во вашиот тоалет и бања. Евтино, а ефикасно! -Јафи.