Еве зошто во трпезарија треба да си ставиме огледало

Новата студија покажа дека поставувањето на огледало во трпезаријата или кујната може да влијае врз количината која ќе ја изедете, односно може да помогне во слабеењето.

Истражувачите од Универзитетот Корнел заклучиле дека консумирањето на нездрава храна пред огледало влијае врз нејзиниот вкус. Имено, таа станува невкусна – пренесува Хафингтон пост.

Тие спровеле студија во која учествувале 185 студенти. Тие бирале помеѓу чоколадни торти и овошни салати, а потоа, половина од нив јаделе во просторија во која имало огледало, додека другата половина јаделе во соба без огледало.

Потоа, го оценувале вкусот на храната, а оние кои јаделе торта пред огледало уживале помалку во нејзиниот вкус во однос на оние кои тоа го правеле во друга просторија.

Од друга страна, кај студентите кои одбрале овошна салата, немало никаква разлика во оценувањето на вкусот.

-Погледот во огледало не им говори на луѓето само за нивниот физички изглед. Тоа им овозможува објективно да се согледаат себеси и да судат за себе на начин на кој ги гледаат другите луѓе – изјавил еден од истражувачите.

Со други зборови, гледањето во огледало додека се јаде нездрава храна, кај луѓето предизвикува неугодност која ја носат вкоренетите општествени стандарди (во овој случај, шеќерот е лош по здравјето).

Истражувачите затоа веруваат дека во огледалото се крие тајната за поздрава исхрана.