Ленот е растение кое се одгледува и се користи со векови. Според некои податоци, се користел уште пред 30.000 години.

Веројатно сте слушнале за „ленено платно“ и облеката што е направена од овој природен материјал, но дали знаевте дека ова растение ја обезбедува една од најхранливите намирници во светот?

Станува збор за ленено семе, а тоа го потврди и жена која била позитивно изненадена од резултатот.

„Кога бев помлада, воопшто не се грижев што јадам, ниту пак особено уживав во храната. Во студентските денови често јадев брза храна, грицки, газирани пијалаци, чоколади…

Кога почнав да работам и се оддалечив од моите родители, дури тогаш почнаа на површина да излегуваат проблемите. Многу сакав да внимавам на она што го јадев, но ми беше проблем да најдам време, да се организирам и да најдам волја“.

Таа додава дека во тоа време килограмите веќе почнале да се натрупуваат, а нејзиното тело сè потешко ја поднесувало лошата храна.

„Знаев дека морам да сменам нешто…како и сите други во ерата на компјутерите, решив да побарам решение за мојот проблем на интернет.“

Таа вели дека не е љубител на јаболков оцет и лимон, па не ја интересирале вакви рецепти, но затоа нашла рецепт со ленено семе!

„Никогаш не сум ги јадела тие чудни семчиња и не ми изгледаа особено привлечно… Сепак, решив да го испробам овој метод! Рецептот според кој се оставаат преку ноќ и се јадат како лигава маса наутро, не доаѓаше во предвид“.

Затоа купила мелено ленено семе, бидејќи полесно се вари, за разлика од целосните семиња, а можете да ги најдете во секоја добро снабдена продавница за здрава храна.

Она што е добро да се знае за лененото семе е дека во мелена состојба многу брзо оксидира и се расипува. Треба да се чува добро спакувано, затворено, на ладно и темно, да нема допир со воздух или влага.

Затоа, можеби најдоброто решение за консумација на лененото семе е, да го мелите непосредно пред употреба.

„Секое утро јадев чаша јогурт или кефир со лажица мелено ленено семе и набрзо забележав дека столицата ми е поредовна, стомакот ми беше помалку надуен, а гасовите веќе не беа проблем.“

И, конечно, најважното: по две недели била пријатно изненадена кога стапнала на вагата и сфатила дека изгубила два килограми!

Прочитајте: ШЕМА КАКО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ ЛЕНЕНОТО СЕМЕ АКО САКАТЕ ДА ОСЛАБЕТЕ ПОВЕЌЕ КИЛОГРАМИОВДЕ.