Никогаш не е доцна! Еве како ослабев на 50 и се вратив во форма…ОВА ги „мете“ вишокот килограми…

Ставете го ова семе во вашето кафе и ослабете: овој напиток ги „мете“ вишокот килограми. Едноставен пијалак за слабеење кој согорува масти и има одличен вкус.

Комбинацијата од висококвалитетно какао, чиа семки, кафе и млеко ќе ги смири вашите рецептори за вкус и истовремено ќе ја подобри вашата тежина. Пробајте го овој напиток и ќе бидете пријатно изненадени од резултатите. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

1 лажица висококвалитетно темно какао (несквик)
1 лажица семе од чиа
200 + 50 мл млеко (може да користите и растително)
1 лажица мелено кафе
100 мл вода

ПОСТАПКА:

Во чаша измешајте какао во прав и чиа семе, па прелијте со 200 мл млеко. Добро измешајте.

Оставете ги семките да набабрат 30 минути. Овој напиток можете да го направите претходната вечер и да го оставите во фрижидер преку ноќ до утрото.

Во гезве измешајте една лажица мелено кафе и 100 мл вода. Ставете на оган да зоврие.

Штом се подигне пената тргнете го од оган и процедете го низ газа.

Во процеденото кафе сипете ја претходната мешавина од чиа и какао.

Во помала шолја сипете 50 мл ладно млеко и со електрична маталка изматете го за да добиете пена.

Сипете го во чашата и вашиот напиток е спремен за консумација.

Постапката погледнете ја ОВДЕ.

Ако не сакате кафе, пробајте друг пијалак!

Сигурно сте слушнале за ефектот на водата со лимон наутро на празен стомак. Но, кога ќе му додадете чиа семе, имате уште поздрав напиток и одлично согорување на маснотии.

Како да го подготвите?

Семето чиа сипете го во 100 мл вода и оставете го да отстои за да набабри..

Потоа само измешајте ја оваа течност со семките со 200 мл млака вода, додајте сок од мал лимон и засладете со малку мед (секако, медот не е неопходен, можете да го изоставите).

Течноста можете да ја промешате, но јас ја пијам без мешање. Додавам и парчиња цел лимон. Го пијам секое утро на празен стомак 20 дена. Потоа правам пауза од 5-7 дена и повторувам.

Напомена: чиа семките го намалуваат крвниот притисок, а ако вашиот крвен притисок е премногу низок или земате лекови за крвен притисок, треба да се консултирате со вашиот лекар пред да го испробате овој метод.

Како функционира?

Чиа семето е богато со витамини и хранливи материи. Уште повеќе набаруваат во стомакот (диеталните влакна) и затоа се чувствувате сити подолго време. Овие семињадаваат енергија и буквално можат да го подобрат вашиот метаболизам, а со тоа и согорувањето на мастите.

Тие ја поттикнуваат правилната интестинална активност (перисталтиката на цревата) и ја обновуваат нарушената цревна флора. Тие исто така ги ублажуваат проблемите со запек.

И лимонот и чиа семето се сметаат за суперхрана сами по себе. Но заедно овие производи се буквално чудо за нашето тело.

Освен што го олеснуваат слабеењето, тие се богати со антиоксиданси и важни витамини. Корисни се за тироидната жлезда, дигестивниот тракт, срцето, нервниот систем и придонесуваат за брза регенерација на клетките.

Споредете!

Чиа семето содржи 5 пати повеќе калциум од млекото, 3 пати повеќе железо од спанаќот и 15 пати повеќе магнезиум од брокулата. Тие исто така содржат 2 пати повеќе калиум од бананите и 3 пати повеќе антиоксиданси од боровинките.

Но, секако, како и сè останато, не треба да се претерува со количината.