НЕВЕРОЈАТНО ГИ „КИНЕ“ КИЛОГРАМИТЕ, 1 сантиметар дневно: напиток кој прави чуда за вашето тело…

За жал, не постои магично стапче за ослободување од вишокот килограми. Но, со доволно физичка активност, повеќе движење и здрава исхрана, можете брзо да ја прилагодите тежината.

Она што ќе ви помогне да го забрзате слабеењето е овој напиток кој можете да го направите од природни состојки кои можеби веќе ги имате во вашата кујна.

За него се вели дека е најдобриот рецепт за слабеење кој може да ви помогне да изгубите 1 сантиметар сало од стомакот дневно.

Но, овој напиток не е добар само за слабеење, туку има и други дејства.

Ќе ви помогне да го отстраните целиот вишок вода од телото, ќе ја подобри функцијата на вашиот мозок, меморијата, слухот и видот. Не се препорачува за луѓе со чувствителен стомак, бидејќи ренот кај некого може да предизвика мачнини. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

– 125 г рен
– 4 лимони
– 2 см свеж ѓумбиров корен
– 3 лажици мед
– 2 лажици цимет

ПОСТАПКА:

Најпрво исчистете ги ренот и ѓумбирот, излупете ги и ставете ги во блендер. Додајте го лимонот сосе кора, исечен и со отстранети семки, но ако не користите органски, само исцедете го сокот. Потоа додајте цимет и мед. Сè убаво измешајте и сипете го во тегла. Чувајте ја теглата во фрижидер.

Како да го користите:

Земете една лажица наутро на празен стомак и пред спиење. После него испијте чаша топла вода. Ако сакате да постигнете најдобри резултати, користете го овој сируп 3 недели.

Зошто ренот е добар за здравјето?

Исхраната богата со рен е особено корисна за дијабетичарите, но и за оние кои се постојано уморни или имаат побавен метаболизам.

Подземните делови, односно коренот се користат како зачин за разни јадења, особено за месо. Листовите на ова растение се богати со витамин Ц, каротин и хлорофил.

Тие исто така содржат значителна количина на калиум, фосфор, хлор, сулфур и витамин Б. Ова растение го чисти целото тело и го забрзува метаболизмот. Заштитува одредени органи од малигни заболувања како желудникот, црниот дроб, тенкото и дебелото црево.

Содржи и кумари, феноли, есенцијално масло, аспарагин, смола, скроб и сахариди. Поради овие состојки во народната медицина се препорачува како лек за кашлица, синуси, бронхитис, астма и ревматизам. Го зајакнува имунитетот и штити од настинки.

Се користи како лек против затнувањето на крвните садови и го подобрува варењето.

Се препорачува за исфрлање на бубрежни камења. Како лек се зема во вид на чај, сируп, вино, тинктура или во ферментирана форма. При користење на рен, како и кај другите билки, треба да се внимава да не се зема премногу бидејќи може да предизвика дијареа и повраќање.

Зошто ѓумбирот е корисен за здравјето?

Ѓумбирот зазема посебно место во многу кујни поради неговата специфична арома и остриот, зачнски и лут вкус што го одделува од другите зачини, но и поради неговите лековити својства.

Се користи како зачин и лек со илјадници години, па до денес. Во својот состав на хранливи материи, ѓумбирот главно содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.

Свежиот ѓумбир помага да се намали високиот холестерол. Во исто време ја намалува надуеноста на стомакот.

Позитивно влијае на обновувањето на цревната флора, има лаксативно дејство. Тешките главоболки и мигрена може да се ублажат со консумирање на неколку тенки парчиња свеж ѓумбир.

Ѓумбирот во прав помага во ублажување на болките во стомакот. Ги ублажува болните симптоми на артритис, грип или настинка.

Бројни студии покажуваат дека употребата на ѓумбир во прав го забавува растот на канцерогените тумори и се покажало дека е одличен додаток за ублажување на ефектите од хемотерапијата, како што се гадење и повраќање.

Ѓумбирот во прав ја забрзува циркулацијата и ја спречува коагулацијата на крвта. Позитивно влијае на релаксација на уморните мускули по исцрпна физичка активност. Консумирајте го ѓумбирот одговорно, не повеќе од 4 грама дневно.

Значи, овој рецепт дефинитивно треба да се проба, а од резултатите ќе се изненадите.