Чудесен ефект: Во јогуртот додадете две состојки и нанесете на лице

Благодарение на оваа маска ќе имате блескава кожа без акни и темни дамки.

Покрај тоа што можете да ги јадете состојките (познавачите велат: она што не можете да го ставите во стомак, не го ставајте ниту на кожа), тие одлично делуваат врз здравјето на кожата од лицето.

Морковот на пример, со своите здрави состојки помага во борбата против акни и на кожата и дава блескав изглед.

За да ја приготвите оваа маска за лице, вам ќе ви биде потребно:

Потребни состојки:

  • 1 лажица сок од морков
  • 1 лажица јогурт
  • 1 лажица маслиново масло.

Постапка:

Состојките добро изматете ги до изедначување, па нанесете на чисто лице и врат. Оставете да делува 25 минути, а потоа исплакнете со млака вода.