ЗЛАТНО МАСЛО ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ: Со него ќе избришете 10 години, а шминката ќе ви биде само декорација…

Дали би сакале да изгледате 10 години помладо? Овој рецепт ќе ви открие како да направите златно масло кое ја подобрува текстурата на кожата и ги намалува брчките.

Со ова масло за подмладување, вашата кожа ќе стане толку мазна и цврста што шминката повеќе нема да ви биде потребна и ќе ви послужи само како декорација.

Благодарение на витамините и другите корисни материи во ова масло, можете да ја подобрите текстурата и бојата на вашата кожа, како и да ја намалите видливоста на брчките. Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 портокал 1 морков 6 ловорови листови 50 мл маслиново масло 2 лажици кокосово масло

ПОСТАПКА: Добро измијте го портокалот и истријте го со сода бикарбона, исплакнете го, избришете го, па на ситно ренде изрендајте ја кората. Потоа изрендајте го морковот, а ловоровите листови ситно исечкјате ги.

Сите состојки ставете ги во стаклена тегла, залијте маслиново масло и додајте кокосово масло, па направете водена бања: Во тенџере обложено со крпа ставете ја теглата и долијте вода до половина или 2/3 од висина на теглата.

Ставете на оган и варете 15 минути на умерена температура. повремено промешувајте со дрвена лажица за да се растопат сите состојки и подобро да се екстрахираат хранливите состојки.

Оставете го маслото малку да подизлади, па процедете го низ сито или газа. Добро притиснете за да излезе што повеќе масло. Складирајте го во чиста и сува тегла со соодветен капак.

УПОТРЕБА: нанесувајте на претходно исчистена и сува кожа со нежна масажа сè додека да се впие во кожата. Нема потреба од одмивање. Еве зошто е добро и како делува:

-Кората од портокал ја враќа еластичноста на кожата и ги елиминира брчките.

-Благодарение на витаминот А, морковите ги измазнуваат брчките и ги регенерираат оштетените епителни клетки.

-Ловоровиот лист го забавува стареењето, поттикнува подмладување на кожата и ја заситува со корисни материи.

-Златното масло совршено ја тонизира кожата и ги отстранува брчките. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.