(РЕЦЕПТ) Маска од квасец против опаѓање на косата ќе ја зајакне и најтенката и најслабата коса…
Дали знаевте дека маската за коса со обичен квасец е прилично едноставна, но многу ефикасна, која прави чуда, дури и со најзапоставената коса?
Резултатот од нанесувањето на оваа маска не е само квалитетен, туку и долготраен. Маските од квасец се погодни за сите типови коса и се незаменливи во борбата против опаѓањето и за побрз раст.
Со помош на маска од квасец, успешно ќе се ослободите од првутот. Користејќи ја маската од квасец, можете да постигнете неверојатни ефекти.
Сепак, спроведувањето на процедурите за обновување на косата мора да биде систематско, а не „од време на време“. Во овој случај, резултатот е видливо ефикасен, брз и долгорочен, нема да мора долго да чекате.
Како превентивна мерка и за побрз раст на косата, маската од квасец се користи еднаш неделно во период од 10-15 недели. Потоа направете пауза од 3 месеци и повторете ако е потребно.
Доколку целта е третман на коса – обнова и зајакнување на структурата на оштетената коса, маските на база на квасец треба да се нанесуваат два пати неделно во период од 6-8 недели. Доколку е потребно, повторете ја постапката за 3 месеци.
Овој совет не е за лекување на ќелавост (алопеција), туку за подобрување на квалитетот на косата и нејзин побрз раст при опаѓање на косата поради стрес, болест, хемотерапија, хормонални пореметувања, „есенско“ поинтензивно опаѓање на косата.
Составот на маските можете да го промените со додавање на рицинус или маслиново масло, јогурт, сок од алое и слично, но основната состојка – квасецот – останува иста. Некои ставаат и жолчка од јајце, бидејќи е многу хранлива и дава сјај на влакното, но не е потребно.
Користејќи маски на база на квасец, може да постигнете неверојатни, долгорочни резултати, но треба да бидете доследни и да ги следите препораките опишани на почетокот на овој текст.
Рецепт:
Растворете 1 лажичка мед во 1 лажица топло млеко, додајте 20 г свеж квасец (ако користите сув квасец: 1 кесичка сув квасец од 7 г заменува 40 г свеж квасец).
Оставете на топло место да ферментира (да запени) 15-20 минути.
Добиената смеса нанесете ја на чиста, влажна коса, од коренот до врвовите. Може да се нанесува и на неизмиена коса.
Завиткајте со најлонска кеса и врз неа топла крпа. Таквите маски бараат затоплување (крпа, капа) за да се создадат оптимални услови за раст на колониите на квасец. Со нивното зголемување се зголемува концентрацијата на протеини, витамини и минерали кои продираат во фоликулот на косата.
Ако истече, обидете се да додадете помалку млеко следниот пат.
Оставете да делува на глава барем еден час, понекогаш 2-3 часа, колку подолго, толку подобро.
Измијте се со шампон потоа, доколку го користите на сува, неизмиена коса. Ако го ставите на чиста, влажна коса, измијте ја само со вода и малку регенератор.
Мирисот, кој ќе го почувствувате за време на дејството на маската, исчезнува по миењето, кога косата е целосно сува.
Забелешка: Некои ја прават оваа маска без млеко: ставете лажичка мед на парче квасец, ништо повеќе. Кога квасецот ќе нарасне, а тоа ќе се случи брзо, додајте една лажичка рицинусово масло или маслиново масло (можете и без масло – квасецот е најважен овде).
После овие третмани косата е поздрава и поубава: погуста, обновена, сјајна и со многу волумен!