Добро е познато дека кафето има многу позитивни ефекти и е сосема природно. Совршен рецепт со кафе може да даде совршени резултати, а после третманот вашата коса ќе расте побрзо и ќе биде многу посилна.

Порано голем број жени ја мешале кната со кафе за да добијат совршена кафеава боја на нивната коса. Дали сте слушнале дека можете да го искористите кафето за да ја бојадисате косата?

Прочитајте: „ОВОЈ ШАМПОН МИ ЈА СПАСИ КОСАТА ОД ОПАЃАЊЕ: Го врати сјајот и волуменот и сега ми е поубава од претходно!“ – ОВДЕ.

Треба да направите силно црно кафе и да го оставите малку да се излади. Подгответе смеса со 2 лажички ситни мелено кафе (неварено), 2 шолји регенератор за коса и 1 шолја сварено и изладено сварено кафе.

Сè добро измешајте и соединете, па оставете ја смесата да отстои околу еден час. Токму оваа смеса совршено ќе ја обои вашата коса, и ќе и даде совршена чоколадна боја.

На никаков начин нема да ја оштети косата, напротив, позитивно ќе влијае врз квалитетот на косата.

Природно и висококвалитетно решение за „мpтва“ коса со „расцветани“ врвови. Ако имате искуство со природно боење на косата, споделете го со читателите на НМД.

Прочитајте: „Супер маска за коса со желатин која се користи како шампон: косата добива сјај како од рекламите!“ – ОВДЕ.