Потребни состојки:

600 мл млеко

1 квасец

2 лажички шеќер

3 лажички сол

200 мл масло

1 кг брашно +-

За ФИЛ:

200 г путер/маргарин

2 жолчки

1 лажичка сол

За премачкување:

2 белки

Сусам

Ленено семе

Постапка:

Во 500 мл млеко ставете шеќер и квасец и почекајте убаво да се активира. Во сад за месење ставете го квасецот, додадете сол, масло и брашно околу 900 г. По потреба додадете уште брашно. Замесете мазно тесто и оставете го да надојде.

ФИЛ:

Изматете го путерот со жолчки и на крај додадете сол. Тестото поделете го на три дела. Секое топче посебно со оклагија исукајте го по должина. Премачкајте со филот, тестото свиткајте го во ролат, па сечете на тријаголничиња.

Кифличките редете ги на плех обложен со хартија за печење, премачкајте со јајце и наросете со сусам. Оставете ги 10-тина минути на топло да нараснат. Печете во рерна на 200 степени.

coolinarika.com