15 минутен колач со банани и бисквити – лесно, брзо, превкусно!

Потребни состојки:

300 г бисквити

3 пудинзи од ванила

9 лажици шеќер

1 литар млеко

200 г путер

4 лажици кисела павлака

4-5 банани

200 мл слатка павлака за шлаг

Постапка:

Прашокот од пудинзите разматете го со шеќер и малку млеко. Остатокот од млекото ставете го на оган да зоврие, па потоа постепено додадете го пудингот со постојано мешање додека да згусне. Тргнете од оган и додека е уште жежок, во кремот додадете путер исечкан на помали парчиња, па добро промешајте додека да се растопи и соедини со кремот.

Тогаш додадете ја киселата павлака, па повторно добро промешајте во изедначена смеса. Тогаш додадете ги и бисквитите искршени на парчиња (искршете ги со раце), па сето заедно добро измешајте го со лажица.

Во плех со средна величина и премачкан со тенок слој путер, излејте половина од смесата, преку неа наредете банани пресечени надолжно, една покрај друга, па врз нив истурете го остатокот од смесата. Ставете во фрижидер убаво да излади и да се стегне.

Преку изладениот колач нанесете изматена шлаг, па сечете парчиња со величина по ваша желба и уживајте во секој залак.

Loading...