“Со овој чај навистина може да се ослабе, особено ако сте на некоја рестриктивн диета или внимавате на исхраната.

Доколку одбегнувате леб, газирано, благо и прејадување, а јадете умерени и здрави оброци, повеќе овошје на гладен стомак и повеќе течности, гарантирано ќе ослабете како мене”.

Одржувањето на здравата телесна тежина многу е важно, првенствено поради здравјето. А да не говориме околу тоа дека облеката подобро ќе ви стои и поубаво ќе изгледате ако имате нормална телесна тежина.

Со вишокот телесна тежина доаѓаат срцеви болести, дијабетес, бубрежни болести, срцев и мозочен удар. Затоа здраво хранете се, исфрлете ги штетните намирници од вашата употреба. Намалете го внесот на солта и мастите. Пијте доста вода и природни сокови.

Не смеете да пиете алкохол, штетни напитоци и обоени, неприродни и газирани сокови. Нема да ослабете доколку се изгладнувате, па затоа јадете редовно и не ги прескокнувајте оброците, особено не појадокот.

Појадокот е најздравиот оброк, а правењето на големи паузи помеѓу јадењата го зголемува ризикот од појава на дијабетес. Движете се доволно и немојте да очекувајте дека ќе ослабете ако не се потрудите околу тоа.

Слушајте го своето тело, затоа што секој организам е различен и свој индивидуален метаболизам.

Ова е рецептот за приготвување на напиток кој многу е здрав.

Потребни состојки:

350 мл вода
1 супена лажица ким
1 мало лажиче мед
½ лимон – сок

Постапка:

Семето се прелива со зовриена вода и се поклопува. По 15 минути се процедува, се засладува со мед и се додава сок од лимон.

За поголема количина се вари еден литар вода и се прелеваат 3 супени лажици ким. Се поклопува и се остава преку цела ноќ, а наутро се процедува. Се загрева само онолку колку што е планирано да се пие, а остатокот се чува во фрижидер.

За оптимален квалитет на чајот се препорачува што подолго натопување на кимот.