Оваа билка носи здравје и пари во вашиот дом

Оваа билка уште се нарекува „ѓаволски бршлен„ или „цвеќе на парите“, а се смета дека носи среќа. Epipremnum aureum е попозната по својата способност да го прочистува воздухот. Овој ползавец го впива формалдехидот.

Epipremnum aureum или „златниот ползач“ е една од билките кои станаа популарни кои лесно се одгледуваат и не бараат некои посебни услови.

Но во последно време доаѓа до израз благотворното дејство на оваа билка врз здравјето на луѓето. Поседува способност да уништува многу штетни хемикалии и формалдехидот од воздухот.

Околу 70% детоксикацијата на организмот се врши преку дишење и затоа е важно каде живееме и во какви простории престојуваме.