МАСНА ДИЕТА – изгубете 4.5 кг за 2 недели без гладување, со оваа фантастична диета

Идеалната диета веројатно за сите значи исто- да изгледаме како супермодели, а притоа да не мора многу да се жртвуваме, односно да не се одрекуваме од вкусната храна и да не се малтретираме со часови поминати во теретана.

Бројните истражувања за здравата исхрана, метаболизмот и влијанието на различни намирници врз нашиот организам, како и различните физички активности ги променија стереотипите за диетите и процесот за слабеење.

Новата диета со име „Масна диета“ гарантира губење на 4,5 килограми за само две седмици. Развиена е од страна на нутриционисот и личниот тренер Zanа Morris, а се состои од висок процент на масти и краток, интензивен тренинг.

Во својата книга детално го опишува програмот и тврди дека во целост ќе го промените мислењето за се’ она што сте го знаеле за слабеењето. Основната претпоставка врз која се базира оваа диета е дека би требало да внесувате масти во својот организам за да се ослободите токму од масните наслаги.

Во текот на 12 годишна работа, Zana Morris се уверила дека нејзиниот метод функционира, додека неколку илјади лица кои го пробале нејзиниот третман изгубиле во просек помеѓу 2,7 и 3,6 килограми и 2,5 до 7,5 цм во обемот на струкот.

Диетата е конструирана така да помага во воспоставувањето на хормонална рамнотежа во организмот, а изгубените килограми повеќе не се враќаат.

Заборавете на броењето калории, чувството на глад и напорните вежабања во теретана, континуираниот страв од вагата и другите работи кои се составен дел од вообичаеното слабеење.

Каква храна треба да се консумира:

Наместо тоа, потребно е да јадете храна која има висок процент масти, како што се: авокадо, ореви, путер, па дури и крем-сирење.

Покрај тоа, би требало да издвоите максимално 10-15 минути дневно за вежби кои се наменети за обликување на мускулите, зголемување на мускулната маса и за издржливост.

За да биде вашиот тренинг поефикасен, вежбајте:

1.Истовремено активирање на што поголема група мускули

2.Висок интензитет- голема брзина или поголеми тегови

3.Со кратки интервали одмор помеѓу вежбите.

Бенефити од „Масната диета“:

-Губење килограми во просек 2,7 до 3,6 кг за две седмици

-Губење центиметри во обем- обично 2,5 до 7,5 цм во пределот на стомакот и струкот, и на други места од телото

-Кожата ќе ви изгледа фантастично- мастите ја „пополнуваат“ кожата, па на крајот од третманот таа изгледа затегнато и одлично, а малите брчки исчезнуваат.