Дознајте дали некој тајно е вљубен во вас – со овој едноставен трик!

-Овој едноставен трик ќе ви открие дали имате таен обожавател.

Веруваме дека сте љубопитни и дека ве интересира дали некој можеби е вљубен во вас.

Дали ви се причинило дека некој ве гледа, но кога ќе погледнете во тој човек, тогаш тој ја врти главата и погледот?

Следниот пат кога ќе почувствувате дека некој ве гледа, пробајте го овој трик:

ЗЕВНЕТЕ! Одглумете долго и пријатно прозевање, а потоа погледнете го вашиот таен обожавател.

Одамна е познато дека зевањето е заразно, односно дека и самите ќе се прозевнеме кога ќе видиме како тоа го прави некој друг.

Ако и вашиот таен обожавател се прозевне непосредно после вас, ќе знаете дали навистина ве гледал додека “не сте внимавале” на него.

Научната студија од италијанскиот Универзитет во Пиза открива дека зевањето како одговор на исто дејство е мотивирано од социолошки и еволуциони фактори, дека го покажува нивото на нашата емпатија, односно способност да сочувствуваме со другите.

Истата студија покажала дека потсвесно ги имитираме емотивните состојби на другите луѓе низ прозевање и фасцијални експресии.

Оние испитаници кои во рок од 3 минути “возвраќаат” на зевањето биле интензивно вклучени во комуникација со луѓето и поврзани со нивните чувства.