Никој не ги сака збогувањата. Кога некои луѓе заминуваат, ние се растажуваме и едвај чекаме да се вратат. Кога таа личност ќе се врати, нè исполнува со среќа и радост. Ова видео ќе ви докаже дека тоа важи и за животните.

Што е првото што го правите кога ќе ги видите луѓето што ви недостигале? Ги прегрнувате.

И оваа мачка го направи истото тоа. Кога го видела кучето, веднаш притрчала во неговите прегратки и не помислила да го испушти. Изгледа како на ова куче да му е малку досадно, особено после авантурите што ги имало изминатите десет дена, па се обидува да оди ваму-таму за да се ослободи од мачката, но не му успева.

Реакцијата на оваа мачка е прекрасна и докажува дека различни животни можат да бидат пријатели. Навистина е убаво да се види кога се согласуваат еден со друг.

Видеото е прегледано речиси 30 милиони пати, многумина се воодушевија, па оставија коментари:- Кучешко лице: Мислев дека сум се ослободил од овој досаден тип.

Кучешка опашка: Не знам што би правела без неа
– Кучето се обидува да ги сокрие сите свои емоции, но агресивното мавтање со опашката го оддава.

– Мачка: Ми недостигаш! Куче: Ти мене не. Кучешка опашка: Да, и ти мене.- „Престани да ме срамиш пред човекот.“- Кучето изгледа како да му е непријатно. „Еј, морам да се сокријам. Престани.”

Како изгледаше оваа прегратка погледнете во видеото ОВДЕ: