Ех, пари. Парите се доволно проблематични кога сте сами и сами се обидувате да обезбедите за кирија и за вечерни излегувања и да го имате најпрекрасниот фустан на забавата или најновата јакна, но ставете друга личност во равенката и работите почнуваат да се менуваат.

Парите, и покрај тоа што секој од нас сака да верува во тоа дека „љубовта ги освојува сите“, навистина се важни кога сте во врска. Јас не зборувам само за тоа да дозволите некој да плати за вечера на состанок;

Сите знаеме дека ова е доба на феминистки, сепак, за секоја жена е убаво одвреме-навреме некој друг да ја почести со убава ноќ, па така, не се залажувајте дека парите немаат ама баш никаква улога во врската.

Љубовта навистина може да победи сè, но на љубовта сепак и треба покрив над главата, а веројатно и не сака да води незгодни разговори за финансирање на романтично патување.

Парите се важни поради очекувањата кои доаѓаат со нив, и поради начинот на кој тие диктираат не само што можете да правите со вашиот живот, туку и кои се вашите ограничувања како пар.

И ако некогаш одлучите да се придружите на финансиските сили, понекогаш индивидуалните желби се опфатени со она што е најдобро за двајцата. Така, природно, отворениот дијалог за парите е клучен за да не дозволите финансиските прашања да се разнесат во вашите заљубени лица.

Кога сте во сериозна врска со некого, не е невообичаено поголемиот дел од вашите пари да станат „заеднички пари“. Не, ова не се случува секогаш;

Некои парови поминуваат низ нивните врски, па дури и бракови со речиси целосна финансиска независност, што е одлично ако тоа е она што го сакате. Но, за толку многу парови, парите стануваат понејасен заеднички напор додека врската се движи напред.

И ова има последици: ако живеете заедно, треба да плаќате кирија, сметки, да купите нов кауч, сребрени садови, итн. Вашите финансиски приоритети стануваат финансиски приоритети на врската.

Иако дефинитивно сè уште е во ред да трошите пари на себе, навистина големите набавки мора да се извршат преку тимот.

Секако, можете да си го купите тој фустан од 3000 денари на попуст, но ако го сакате фустанот од 9000 денари, освен ако не сте многу богати, можеби ќе треба прво да се разговара за тоа (со оглед на тоа што за повеќето тоа е, на пример, месечна кирија).

Пред да почнете да кажувате работи како “Но тоа се мои пари! Јас ги заработив!” (што е точно, но исто така) еве шест причини зошто парите всушност се важни во врската:

1. Односите треба да бидат еднакви – а вие треба да одлучите што значи тоа за вас

Односите секогаш треба да бидат еднакви, а тоа значи различни работи за различни луѓе. Некои луѓе мислат дека „еднакво“ значи вкупен дел од финансиите 50/50, но често тоа не е секогаш можно или реално за двојката.

Што ако двете страни не заработат иста сума пари? Зошто треба да се чувствуваат принудено да ги поделат работите рамномерно, ако тоа нема смисла за нив? Парите можат да станат важни кога едната страна не може да биде во чекор со другата финансиски, но сепак се очекува тоа.

Важно е да се разјасни точно што се очекува од двајцата партнери да придонесат во врската, така што никој не се чувствува искористен или надвор од своите можности.

2. Не сакате неочекувано да имате потреба да издржувате некого

Важно е да знаете колку пари заработува/има вашиот партнер. Едноставно е. Не велам дека треба да почнете да барате изводи од банка на вториот состанок, но ако сте заедно некое време и планирате да останете заедно или ако планирате да живеете заедно, не сакате да имате изненадувања од типот: „Јас сум банкрот!”

Повеќе од добро е да го поддржувате партнерот во тешките моменти, и тој да го прави истото за вас, но не сакате еден ден да се разбудите пред некој што едноставно очекува да го носите на грб и постојано да го издржувате.

Сакате да знаете дека иако вашиот партнер можеби не е секогаш во добра финансиска ситуација, неговата крајна цел е да може да става пари во банка, а не да се „вози“ на вашите пари како некој мрзливец.

3. Можеби ќе треба да бидете подготвени неочекувано да поддржите некого

И да, како што споменавме погоре, може да има моменти кога ќе треба неочекувано да ја поддржите другата личност во вашата врска. Работите се случуваат – луѓето губат работа, големите сметки треба одеднаш да се платат – и во овие моменти, ќе научите дека вашата врска е финансиско партнерство исто колку и романтично и емотивно.

Треба да разберете дека кога се во прашање парите, ако сте во сериозна врска, вие сте заедно. Нивните тешки времиња се ваши тешки времиња сега, и обратно.

4. Треба да имате слични финансиски приоритети

Да се фокусирате на тоа дали потенцијалниот партнер е или не некој на кој можете да му верувате со пари е многу полесно отколку да се обидувате да имате врска каде што едно лице постојано го следи трошењето на другото.

Треба да бидете сигурни дека и двајцата сте способни да бидете разумни, почитувани и комуникативни кога станува збор за секојдневното трошење и дека ги делите истите цели кога станува збор за трошењето и штедењето воопшто.

На пример, кога едно лице сака да заштеди за нова трпезариска маса, а другото лице импулсивно троши 10 000 денари на ноќно излегување со пријателите на редовна или полуредовна основа, има прилично фундаментално несовпаѓање во приоритетите, што не е здраво и не е одржливо.

Кога соработувате со некого, особено кога живеете заедно, вашите навики за трошење се важни и секогаш ќе влијаат на другата личност.

И покрај тоа што не можете да барате од отчет од некој за секој потрошен денар, треба да верувате дека вашиот партнер нема да ги потроши парите за нешто несериозно, а што ви требаат на двајцата.

Не можете да го контролирате партнерот, па затоа треба да можете да му верувате на неговото расудување со финансиите, а тоа е многу полесно кога двајцата делите слични цели.

5. Заедничкото планирање финансиска иднина е важно ако сакате да живеете заедно/ да се венчате/ да имате деца

Стабилната врска често вклучува планирање на иднината, како и да изгледа: заедно изнајмување, купување куќа, поседување автомобили, раѓање деца, многу одмори. Како и да изгледа вашиот пат, парите се важни бидејќи каде ќе ги потрошите ќе ви диктира како живеете и како заедно ќе ги постигнете вашите цели.

6. Премногу е лесно да се карате за пари

Ако не обрнувате соодветно внимание на начинот на кој функционираат парите во вашата врска, тоа може да биде деструктивно.

Ако не комуницирате и не водите отворен дијалог за вашите финансии, многу брзо можете да се затерате за тоа како другиот ги троши парите. Секојдневно користите пари.

Парите влијаат на сè, од местото каде што живеете до она што го појадувате. Се разбира, тоа ќе влијае на начинот на кој двајца луѓе кои ги споделуваат своите животи, до кој било степен, живеат еден со друг.

Важно е да обратите внимание на тоа и да бидете сигурни дека сте доволно јасни во финансиските дискусии за да не се прикрадне и да предизвика непотребен конфликт.