5 причини за сува вагина – како да се спречи и лечи

Сува вагина претставува недостаток на вагинално подмачкување што предизвикува болен секс.

Постојат многу можни причини за т.н.сува вагина кои се движат од физиолошки фактори (хормонални промени или несакани ефекти од некои лекарства) па се до емоционални и психолошки проблеми, како што се недостиг на желба, па дури и анксиозност.

Првиот чекор во лекувањето на сува вагина е пронаоѓање на изворот на непријатноста, особено ако предизвикува болки при сексуалниот однос. Постојат голем број причини кои можат да доведат до недостаток на вагинално подмачкување:

1.ХОРМОНАЛНО ПОРЕМЕТУВАЊЕ. Една од најчестите причини за сувост на вагината е намаленото ниво на естроген за време на менопаузата, перименопаузата, по породувањето или во текот на доењето.

Третманите од канцер, како што се хемотерапијата и зрачење на карлицата, исто така можат да доведат до намалување на естрогенот и вагиналното подмачкување. „Од естрогенот зависи здравјето на вагината“-вели д-р Ирвин Голдстајн, директор на болницата за сексуална медицина, Калифорнија.

2.ЛЕКОВИ. Некои лекови што содржат антихистамини, како и лековите за астма можат да предизвикаат општ ефект на сушење на слузокожата и да го намалат вагиналното подмачкување.

3.НЕДОВОЛНА ВОЗБУДА. Во некои случаи, сувата вагина може да биде резултат на слабо либидо или сексуални проблеми со партнерот. „Ако партнерот недоволно обраќа внимание околу возбудувањето на својата партнерка и има лош почеток пред ејакулацијата, може да биде причина за сува вагина“- вели д-р Голдстајн.

4.АЛЕРГЕНИ (надразнувачи). Некои жени се алергични на хемикалиите од сапуните, парфемите и разните средства за лична хигиена. „Многу жени се алергични на детергентите и сапуните“-вели Голдстајн. Други алергени можат да бидат различните креми и мазива како и различни објекти кои се ставаат во вагината.

5.АНКСИОЗНОСТ. Психолошките и емоционалните фактори како што се стресот и анксиозноста, исто така, можат да предизвикаат хаос во либидото и да доведе до сувост на вагината. „Кога жената ќе сака да има сексуален однос, всушност ќе нема доволно доток на крв, па вагината ќе и остане сува, -доволна причина за болен и непријатен секс“- вели Голдстајн.

КАКО ДА СЕ СПРЕЧИ И ЛЕКУВА СУВАТА ВАГИНА

Третманот зависи од причината за сувост на вагината. Жените кои се соочени со проблеми при вагиналното подмачкување поради хормонални промени, често можат да имаат корист од естрогенска терапија.

Во некои случаи лекарите препорачуваат локализиран третман со хормонот естроген кој се вметнува во вагината во форма на прстен, топчиња или крем, со што би се дополниле системските лекови за да се постигне посакуваното ниво на естрогенот.

Во прилог на естроген-базираните терапии, постојат и некои други начини со кои може да се олесни подмачкувањето, особено при болки во сексот.

-Лубрикант. Постои цела палета од разни видови лубриканти за помош при сувост на вагината. Тие можат да бидат силиконски, на база на масло или на вода. Лубрикантите не се за долгорочно навлажнување на вагината, туку се користат непосредно пред сексот.

-Навлажнувачи. Овие вагинални пликации се хидрантни и ја навлажнуваат вагината во текот на неколку дена со само една апликација.

Сувата вагина е фрустрирачка состојба, но постојат начини за нејзино ублажување. Ако недостигот на подмачкување предизвикува болен секс, не заборавајте да разговарате со вашиот лекар за сите можни третмани.