Светскиот ден на пчелите 20 мај се обележува со цел да се обрати внимание на јавноста за нивната значајност и зависноста на нашиот опстанок на планетата, но и за потребата дека треба да ги заштитиме.

Пчеларството е многу важна гранка во полјоделството и многу е важно е да се препознае значајноста од меѓународната заштита на пчелите и да се поддржи иницијативата за прогласување на Светскиот ден на пчелите.

За таа цел, секоја година во месец мај се одвиваат посебни настани посветени на одбележувањето на Светскиот ден на пчелите, но поради епидемијата со ковид 19 оваа година ќе се сведе пред сè, на виртуелни настани.

Заштитата на пчелите и сочувувањето на пчеларството е од витално значење за нашата иднина. Со помош на Светскиот ден на пчелите сите заедно можеме повторно да се потсетиме на улогите на секој од нас за заштита на пчелите.

Пчелите од една страна ни обезбедуваат високо квалитетна храна (мед, матичен млек, цветен прав) и други корисни производи како што е пчелин восок, прополис и пчелин отров.

Пчелите опрашуваат речиси три четвртини од сите билки и од нив зависи третина од произведената храна на планетата.

Како такви играат важна улога во обимот на полјоделското производство. Ефикасното опрашување ја зголемува количината на полјоделските култури, го подобрува нивниот квалитет и отпорност на штетници. Културите кои зависат од опрашувањето се значаен извор на приходи на полјоделците, пред сè на малите и семејни бизници. На милиони луѓе пчелте им обезбедуваат работни места и примања.

Пчелите се значајни и за сочувување на еколошката рамнотежа. Со опрашувањето вршат една од најпрепознатливите услуги во екосистемот, поради што преработката е воопшто возможна. Со тоа го чуваат и се грижат за опстанокот на животинските и растителните видови.

Зошто токму 20 мај? На 20 мај 1734 година се родил Антон Јанша, словенечки пчелар, кој бил познат пионер на современото пчеларство и своевремено еден од најголемите експерти за пчели. Бил првиот модерен учител за пчеларство на светот и Марија терезија го именувала за главен учител по пчеларство.

Истовремено, на северната полутопка месец во мај буи природата и развојот на пчелите, а на јужната полутопка тоа е есента, кога се собираат пчелните производи и започнува сезоната на употребата на медот.

Зошто пчелите изумираат? Во последно време пчелите се повеќе се загрозени. Во последниот извештај на Светскиот сојуз за очувување на природата (IUCN) се наведува дека на речиси 10% од пчелите им се заканува изумирање, 5% се веќе загрозени, за речиси 57% нема податоци.

Бројот на опрашувачите низ целиот свет опаѓа, а од друга страна растат потребите за опрашување, особено кај државите во развој.

Главните причинители за изумирање на пчелите се различни болести, компликации со матиците и вирусни зарази.

Проблематична е и масовната употреба на производи за заштита на билките во современото полјоделство и новите штетници, кои поради глобализацијата брзо се шират низ светот.

Опстанокот на пчелите зависи од чистата вода, воздухот и животната средина. Потребна е дополнителна активност на државите, меѓународните организации, локалните средини и поединците за сочувување на животната средина до таа мера што ќе им се овозможи опастанок на пчелите.