Нежното овошје како што се јагодите треба да се приготвува брзо и вешто, зошто е подложно на расипување. Ова е едно многу едноставно упатство кои ќе ви помогне лесно да го исчистите овошјето, а до готвењето сепак да остане свежо и цврсто.

Потребни состојки:

1 кг зрели јагоди
1,2 кг шеќер
1 лимонтус

Постапка:

Јагодите измијте ги под млаз ладна вода, па оставете ги натопени во вода во која претходно сте раствориле лимонтус. Потоа исцедете ги, па редете ги во тенџере: слој овошје, слој шеќер. Покријте го тенџерето и оставете да отстои неколку часови, а може и преку цела ноќ, на ладно.

Потоа ставете да се вари на умерена температура и тргајте ја пената до самиот крај. Преку тенџерето растегнете чиста и влажна кујнска крпа, па оставете да се олади. Потоа складирајте во тегли.

Техника: најдобро е овошјето да го приготвувате килограм по килограм. Првиот килограм потопете го на кратко во ладна вода, а за тоа време чистете го вториот килограм. Одбирајте само цели, неоштетени јагоди.

Потоа од првиот килограм измијте ги јагодите под млаз, рака по рака и оставете на кратко во цедалка. Следниот килограм потопете го во чиста, ладна вода.

Сега првиот килограм исчистете го од петелките и ставете го во водата со лимонтус. Кога ќе завршите, вториот килограм оди на миење и цедење. На крај првиот исцедете го од киселата вода и редете го во тенџерето. Повторете ја постапката онолку пати колку што имате овошје.

На овој начин ќе работите брзо и со леснотија, а овошјето ќе биде добро измиено и подготвено за варење.

Напомена: Слаткото можете да го сварите и со претходно варење на шербет: на 800 г шеќер ставете 200 мл вода и ставете на оган додека шеќерот да се растопи. Може да додадете и сок од половина лимон. Кога шербетот ќе биде сварен додадете ги исчистените јагоди (800 г).

Повремено протресувајте го тенџерето (не мешајте). Кога слаткото е сварено на површината избиваат густи, бели меури. Се собира пената од површината и тенџерето се покрива со мокра крпа додека целосно да излади. Потоа се складира во тегли. Рок: 2-3 години.

Lepaisrecna.rs