loading...

Што значи умерено пиење на вино и што добивате од тоа?

Дали виното навистина може да му помогне на вашето здравје, исто како што помага да се разубави вашиот живот?

О да, пиењето вино има бројни здравствени бенефити, но клучниот збор, кој можеби ја расипува забавата, е – у м е р е н о.

Американското здружение за здравје на срцето вели дека тоа „умерено“ значи околу 200 мл дневно, максимално.

 Еве ги здравствените придобивки од една чаша вино дневно:

 

ПОДОЛГ ЖИВОТЕН ВЕК

Лицата кои пијат вино имаат за 34% пониска стапка на смртност во однос на оние кои пијат пиво или жестоки пијалаци.

Извор: Финска студија на 2 468 луѓе, во период од 29 години, објавена 2007 г. во списанието Journals of Gerontology.

 

НАМАЛЕН РИЗИК ОД СРЦЕВ УДАР

loading...

Оние кои умерено пијат вино, а патат од висок крвен притисок, имаат 30% помалку шанси да доживеат срцев удар, во однос на луѓето кои не пијат вино.

Извор: Истражување на Харвардската школа за јавно здравје, на 11 711 луѓе, во период од 16 години. Објавено во списанието Annals of Internal Medicine, 2007 г.

 

НАМАЛЕН РИЗИК ОД СРЦЕВИ ЗАБОЛУВАЊА

Танините од црното вино содржат процијанидини, кои заштитуваат од срцеви заболувања. Вината од Сардинија и Јужна Франција, содржат повеќе процијанидини од другите вина.

Извор: Студија објавена на Универзитетот Queen Mary во Лондон, во 2006 г, во списанието Nature.

 

НАМАЛЕН РИЗИК ОД ДИЈАБЕТЕС ТИП 2

Љубителите на виното имаат 30% помали шанси да развијат дијабетес тип 2, во однос на оние кои не пијат.

Извор: Студија сработена во текот на 12 години во Амстердамската болница, објавена во списанието Diabetes Care, 2005 г.

 

НАМАЛЕН РИЗИК ОД МОЗОЧЕН УДАР

Веројатноста дека лицето ќе добие мозочен удар предизвикан од крвни згрутчувања, се намалува за 50% кај лицата кои пијат умерена количина алкохол.

Извор: Студија од Универзитетот Columbia сработена во период од 8 години врз 3 176 лица, објавена во списанието Stroke, 2006 година.

 

НАМАЛЕН РИЗИК ОД КАТАРАКТА

Лицата кои умерено пијат алкохол имаат 32% помали шанси да добијат катаракта во однос на оние кои не пијат: лицата кои пијат вино имаат 43% помала веројатност за овој здравствен проблем, во однос на лицата кои главно пијат пиво.

Извор: Студија направена во Ирска, на 1 379 испитаници, објавена во списанието nature, 2003 година.

 

НАМАЛЕН РИЗИК ОД РАК НА ДЕБЕЛО ЦРЕВО

Виното, а особено црвеното вино, кога се пие умерено, го намалува ризикот од рак на дебело црево за 45%.

Извор: Студија од Универзитетот Stony Brook, направена врз 2 291 испитаници, објавена во списанието American Journal of Gastroenterology, 2005 година.

 

ГО УСПОРУВА ПРОПАЃАЊЕТО НА МОЗОЧНИТЕ КЛЕТКИ

Пропаѓањето на мозочните функции се одвива побрзо кај лицата кои не пијат алкохол, за разлика кај оние кои пијат умерено.

Извор: Универзитетот Columbia, студија на 1 416 лица, објавена во списанието Neuroepidemiology, 2006 година.

loading...