Торта која многу брзо се приготвува и што е уште подобро – не се пече и потребни се само 4 основни состојки. Добро е што постојат вакви рецепти со чија помош може да се приготват брзи и вкусни десерти.

За само 20 минути ќе добиете совршена торта со нежен и деликатен вкус. Пробајте ја, нема да се покаете. Еве што ви е потребно:

Потребни состојки:

500 г крем сирење (маскарпоне, филаделфија…)
250 г мелена плазма (бисквити)
400 г нутела/еурокрем или друг лешников крем
100 г путер

Постапка:

На пареа (или во микробранова печка) растопете го путерот со една лажица нутела. Со оваа смеса прелијте ги мелените бисквити, промешајте и оставете сè во фрижидер.

Остатокот од нутелата/еурокремот помешајте го со крем сирењето и добро изматете со миксер. Добиената смеса исто така ставете ја во фрижидер да отстои.

Потоа извадете ја од фрижидер смесата за основа (треба да е малку стврдната и префрлете ја во калап за торти.

Користете чаша за да израмнете правилно. Одозгора сипете го филот со крем сирење инутела. Вратете во фрижидер да отстои 20 минути за да се стегне убаво.

Тоа е тоа, вашата торта е готова а се вика Рајски десерт. Изгледа преубаво и има неодолив вкус. Комбинацијата од крем сирење со нутела е нешто навистина посебно.

Тортата не е прескапа иако содржи квалитетни состојки и едноставна за приготвување. Одозгора како декорација наросете кршени лешници, мелени бисквити или нешто друго по ваш вкус.

receрti.сom