Не го пропушајте овој рецепт – МЛАД КРОМИД во тегла за зимница

Не го пропуштајте овој рецепт, задолжително нека се најде на вашите полици по некоја тегличка со млад кромид. Има фантастичен вкус, може да се послужи со разни јадења, за правење сосеви, за готвење… Еднаш кога ќе направите, веќе ќе знаете со што да правите комбинации.

Потребни состојки:

300 мл оцет

200 мл вода

5-6 зрна бибер

2 лажички шеќер

2 лажички сол

Малку миродија

Сите овие состојки проварете ги и оставете да излади.

Уште е потребно:

30 парчиња млад кромид

1 тегли со капак

Постапка:

Кромидот добро измијте го и исчистете го, наредете го во тегли па прелијте со приготвениот сируп. Добро затворете и оставете до следниот ден добро да излади.

Потоа се чува во фрижидер и до еден месец.

Ако правите за во зима, направете пастеризација или ставете многу малку конзерванс.

Кромидот можете да го користите веќе после две седмици од правењето.