Мандарините се полни со витамин Ц, предводникот на здравјето во есен и зима кога сме соочени со настинки и грип, а интересна е и информацијата дека мандарините содржат повеќе витамин Ц од портокалите!

Мандарината на многумина им е омилено овошје поради својот вкусен, сочен и сладок плод, а при нивното лесното лупење се ослободува прекрасен мирис кој ја освежува целата просторија!

Мандарините се член на фамилијата агруми, а содржат хемиски материи кои му помагаат на организмот да се одбрани од болести. Најзначајни се флавоноидите и терпените.

Една мандарина со тежина од 110 грама содржи околу 32 милиграми витамин Ц што е речиси половина од дневната препорачана доза. Витаминот Ц игра важна улога во синтезата на колагенот и еластинот во нашето тело. Тоа се белковини кои ја создаваат нашата кожа, мускулите и останатото сврзно ткиво. Познато е дека овој витамин важи и како силен антиоксидант кој штити од „нападите“ на разни болести.

-Мандарините се богати со витамин А и фолна киселина

-Во плодот се присутни минералите: калиум, калциум, магнезиум, бакар и железо.

Научниците од Универзитетот Western Ontario откриле дека хранливата материја скриена во мандарината може да ја спречи дебелината, дијабетес тип 2 и атеросклероза. Станува збор за болести кои се одговорни за појава на срцев, но и мозочен удар.

Истражувањата велат дека консумирањето мандарини може значително да го намали ризикот од развивање на срцев и мозочен удар, шеќерна болест, а исклучително се корисни и во борбата против вишокот калории.