Лимон: против првут и себореа, реума, за срце и настинки

СОДРЖИ: голема количина на витамин Ц, слуз, пектин, калциум оксалати. Во кората има етерично масло со пријатен мирис и горчлив вкус. Маслото содржи лимонен, цитрал, шеќер, калиум, фосфор, лимонова и јаболкова киселина.

Се употребува плодот кога е зрел, и листот.

ПОДГОТОВКА И УПОТРЕБА:

Сокот од лимонот:

-го снижува шеќерот во крвта

-штетните киселини и бактерии,

-лекува од настинка

-градни болести

-ја чисти крвта од мочната киселина,

-ги чисти жлездите

-го спречува крвавењето

-разни воспаленија

-ревматични тегоби

-маларија

-скорбут

-ја подобрува работата на срцето.

ПРОТИВ РЕУМА: сок од 3 лимони дневно. Сок од лимон се пие и при заболен црн дроб, бубрези, смирување на нервите.

ЗА СРЦЕ: сок од 3 лимони и 1 к.лажичка сол се става во помало шише и се мати се додека не фати бела пена и се пие на секој час по една супена лажица.

ЗА НАСТИНКА: се вари чај од сува кора од лимон со исти делови сува кора од портокал и мајкина душичка. Од оваа смеса 2 супени лажици со 1 литар вода вријат само 2 минути. Садот се поклопува и по 20 минути се процедува и се засладува со 1 лажичка мед.

Лист од лимон може да се стави во комбинација со која било билка.

ПРОТИВ ПРВУТ И СЕБОРЕА: Со свежо исцеден сок од лимон се масира коренот на косата два пати неделно. Се остава половина час и косата се мие. За да не биде кршливо влакното, во водата за плакнење се ставаат неколку капки масло од лен, сусам, кантарион, мајкина душичка или др.

Претходна статијаМандарините лекуваат дијабетес, артериосклероза и дебелина, а покрај тоа се вкусни и миризливи
Следна статијаЈапонска масажа на колено за подобро здравје, имунитет, долговечност, а помага и за слабеење