И мажите се загрижени за калориите. Еве колку ќе потрошите додека водите љубов

За совршено тело без вишок килограми не е неопходно да се оди во теретана или или да се држи строга диета. Решението можете да го пронајдете и во спалната соба. Еве колку калории можете да потрошите со секс.

Заедно под туш – 40 потрошени калории

Нека дел од вашиот тренинг стане и туширањето. Повикајте ја вашата партнерка да ви се придружи под туш и пружете и незаборавно искуство. Истото важи и за жените.

10 минути предигра – 25 потрошени калории

Бацувајте ја по целото тело и употребете раце и јазик. Не брзајте, оваа вежба дава резултати дури после десет минути, а потоа ќе уживате во неверојатниот секс.

Петоминутна еротска масажа – 48 изгубени калории

Допирање, мазење и масажа со помош на етерични масла и мирисни креми ќе ги разгорат страстите и ќе ви помогнат да се ослободите од вишокот килограми.

10 минути орален секс – 80 потрошени калории

Усните се најмоќното оружје, а оралниот секс е омилен кај мажите, па не заборавајте да користите и раце за максимално уживање.

Секс „набрзинка“ – 25 потрошени калории

Најефикасни вежби во било кој дел од денот или ноќта, а резултатот е двоен – чисто уживање и потрошени калории.

15 минути врз него – 75 согорени калории

Тој обожува кога сте врз него – освен што вие го сработувате најголемиот дел од работата, глетката пред неговите очи е неодолива. Сепак, тоа не значи дека вам ви е скратено задоволството, напротив, бидејќи во најголем број случаи токму оваа поза и овозможува на жената да постигне оргазам, а покрај тоа да изгуби и калории.