Дали имате блокирана сексуална чакра? Може да предизвика љубомора, инфекции и неплодност!

Сексуалната чакра (Svadhisthana или сакрална чакра) се наоѓа под папокот и има портокалова боја. Тоа е седиштето на сексуалната енергија.

 

Телесните органи кои ја хранат оваа чакра се органите во долниот дел на абдоменот.

 

Таа делува врз спознавањето за дејствијата, за односите кон материјалниот свет, за почитта во односите со други луѓе, како и за учењето за сопствената вредност. Има влијание врз волјата, креативноста и виталноста.

 

Ако е блокирана, се потенцираат негативните карактерни особини како што се: љубомората, сомничавоста, зависта, омразата, мрзливоста како и пореметувањата како што се проблеми со долниот дел од ’рбетот, сексуална импотенција, гинеколошки тегоби и уринарни инфекции.

 

ЗОШТО СЕ ПОЈАВУВААТ ПРОБЛЕМИ СО СЕКСУАЛНАТА ЧАКРА?

 

Кај лицата кои имаат воспаление на јајниците се создаваат енергетски блокади во областа на половите органи, односно сексуалните чакри.

 

Покрај тоа и стресот е честа причина за енергетски блокади во пределот на половите органи, а како последица од тоа може да се појават тегоби како што се воспалени јајници, затнати јајцеводи и хормонални пореметувања.

 

Биоенергетските третмани создаваат совршена рамнотежа и ги елиминираат енергетските блокади кои се создаваат како последица од лоши мисли, убедувања или дејствија.

 

Третманите го подобруваат имунитетот па брзо доаѓа до елиминација на воспалителните процеси дури и цисти кои се создаваат како последица на истите. Биоенергетските третмани помагаат во лекување на неплодност.

 

Кај многу луѓе постои длабоко всадено убедување дека сексуалноста на некој начин е безвредна.

 

Тогаш се создаваат енергетски блокади во пределот на половите органи, односно сексуални чакри. Тие лица најчесто во сексуалните односи пронаоѓаат многу малку вистинско емоционално задоволство, а понекогаш тоа го прават само поради репродукција.

 

Кога станува збор за стерилност поради затнати јајцеводи, нивно воспаление или пак ментална блокада, третманите со биоенергија се многу делотворни. Најдобро е на третманите да одат двајцата партнери за да им бидат ускладени енергиите, а енергетските центри да се отворат и балансираат.

 

Миоми и цисти – Ако хранете некоја стара траума со тоа што секојпат одново и одново ја проживувате, брзо ќе откриете дека имате тумор, миом, циста или некоја друга творба.

 

Голем број жени добиваат миом бидејќи емоционалната повреда ја доживуваат како удар врз својата женственост и многу нежно ја негуваат. Само затоа што некоја љубовна врска завршила, не значи дека нешто не е во ред со вас, ниту дека поради тоа треба да се чувствувате помалку вредни.

 

Хуман папилома вирус – Енергетски гледано, секоја инфекција укажува на конфликт кој не бил совладан на ниво на свесност, односно сме го одбегнувале или не сме го признале, поради што физичкото тело започнува да се блокира и да создава болести (вируси, бактерии и токсини) и тоа на телесните места каде конфликтот не е решен.

 

ХПВ- најчесто се активира со пад на имунитетот, а наводно може да се пренесе не само преку сексуален пат туку и од јавни места.

 

Постојат тврдења дека ниската самопочит предизвикува проблеми поврзани со пореметувањата во пределот на сексуалната чакра, што значи, вагинални инфекции, воспаленија па дури и неплодност.

 

Енергетски гледано, вагиналната инфекција често се појавува кај жени кои се психички, емоционално и телесно претерано активни па им е потребно стекнување со стабилност.

 

Биоенергетскиот третман кај овие проблеми е делотворен, бидејќи го подига нивото на животна енергија, што придонесува за добро расположение, подобрување на имунитетот и елиминација на вирусната инфекција.

 

Вежби за отворање на сексуалната чакра

 

Легнете на под и подигнете се на лакти, а потоа дигнете ги двете нозе во воздух колку што можете повеќе. Кога ќе вдишувате, разделете ги нозете колку што можете повеќе, а кога ќе издишувате, прекрстете ги нозете во воздух, една преку друга. Секој пат подигнете ги нозете малку повеќе од претходниот пат, се додека не се подигнете околу половина метар над подот. Оваа вежба повторувајте ја секој ден неколку пати.