-Дали имате чести тегоби со стомакот? Ова се неколку природни лекови кои се многу делотворни.

Наједноставните традиционални природни лекови за стомак се секако чаевите. На самиот врв од најделотворните спаѓаат чаевите од сладок корен (сладник, Glycyrrhiza glabra), ѓумбир и камилица. Многу се евтини а речиси секојпат помагаат кога станува збор за ждригавица. Како вистинска мала здрава бомба – направете чај од сите три билки.

Втора комбинација од здрав чај е секако нането и камилицата. Ставете по една мала лажичка од секоја билка, прелијте со врела вода, оставете малку па отстои па процедете.

Меѓу другите здрави лекови, покрај билките, за стомак спаѓаат и зачините. Семето од ким и анасон за неколку секунди ќе ви ја излекуваат мачнината. Едноставно земете лажичка семе кое треба да го џвакате некое време во уста, а потоа плукнете го. Повторете го ова трипати во текот на денот и мачнината ќе исчезне.

Здрав лек за мачнина е секако и лимонот, кој помага кај многу проблеми. Едноставно исцедете го во топла вода, додадете лажичка мед, малку нане, складирајте во термос, па не се плашете од мачнина ако сте тргнале на долг пат.

Ако тешко го поднесувањето патувањето, секогаш со себеси носете свеж или кандиран ѓумбир кој ќе го џвакате секогаш кога ќе почувствувате мачнина.

Еден од најделотворните природни лекови за дијареа е чајот од сув лист од капина и малина. Тука помага и листот од дуња, лажичка сода бикарбона во црн или во чај од чипки. Имајте го во ова во предвид, во сезона на стомачни вируси.

Купечките напитоци за стомачни вируси главно се многу невкусни а децата поради тоа не ги сакаат. Затоа вие направете природен лек со кој ќе се надокнадат изгубените електролити (поради повраќањето и дијареата).

Во една шолја сок од јаболко додадете две шолји вода, сок од еден лимон и половина лажичка сол. Сите состојки добро промешајте ги и чувајте ги во фрижидер. Потребно е да се пие повеќе пати во текот на денот.

Најдобриот природен лек за опстипација кој за многумина е веќе добро познат бидејќи бабите секогаш го имаа е – рицинусово масло. Една лажица на празен стомак и проблемот ќе биде решен.

Како вие ги решавате стомачните проблеми?