Ова е вистински природен лек за воспаление на синусите – Исчистете ги синусите и исфрлете го целиот гној и слуз од носот и каналите…

Ако некогаш сте имале инфекција на синусите, тогаш знаете колку е тешко да се справите со оваа состојба. Тегобите може да траат со недели или дури месеци.

А сепак, постои начин како да се подобро состојбата и тоа многу брзо, наа едноставен начин.

Сè што е потребно е крупна морска сол. Порано солта била повредна од златото. Денес е евтина намирница и има лоша репутација, бидејќи нејзината прекумерна консумација може да предизвика различни здравствени проблеми.

Меѓутоа, кога станува збор за третман на синуси, морската сол никогаш не ја изгубила својата вредност. Без разлика на цената. Земете емајлиран сад и истурете во него околу 300 грама крупна морска сол.

Ставете го садот на шпорет и загрејте го полека, додека да достигне температура од околу 45 степени Целзиусови.

Температурата ќе ја проверувате рачно. Морската сол не треба да биде премногу топла, туку како да се загреала на силното летно сонце, како врел песок на плажа.

Сега земете една тенка памучна крпа за садови и соодветна чинија. Над садот ставете ја крпата и во неа истурете ја загреаната сол. Ако немате крупна морска сол, можете да користите и обична.

Но, крупната сол со поголеми кристали е подобар избор, затоа што ќе ја одржува температурата подолго. Тие се, така да се каже, мали камчиња, кои се ладат побавно од правта.

Прочитајте: „Зашто кашлав ме избркаа од автобус, а со мене се симна постара жена – нејзиниот совет ми го реши 47 годишниот проблем, ми се прочистија синусите и сега нормално дишам без кашлање и без црвен нос“ОВДЕ.

Потоа внимателно соберете ги сите краеви на крпата, земете ластик и прицврстете ги за да добиете еден вид перниче со топлата сол во него. Ова топло перниче поставете го на челото, меѓу очите и оставете да делува околу 30 минути.

За тоа време најдобро би било да легнете. Кога ќе се излади, загрејте и повторете ја постапката неколку пати, за да почуствувате отворање на синусните канали.

После тоа, во 200 мл вода сипете 1 лажичка морска сол. Мешајте додека целосно да се раствори и исплакнете ги двете ноздри со овој раствор.

Најдобро би било да користите морска или химилајска сол, а не кујнска сол, бидејќи таа е чист натриум хлорид.

Морската сол, покрај натриум хлорид, содржи околу 80 различни морски минерали кои се корисни за респираторниот тракт. Помага за обновување на слузокожата и делува како антисептик.

Ова е комплетен третман кој треба да се применува пред спиење, неколку дена по ред. Многу брзо гнојот од синусите ќе почне да излегува од носот и инфекцијата на синусите треба да биде минато.

Постапката погледнете ја ОВДЕ. Прочитајте: „Морската сол е најздрава, хималајската е најчиста, а калиумовата се наоѓа во зеленчукот – Еве која е најдобра“ОВДЕ.