НАЈДОБРИОТ ЧАЈ КОЈ СЕ ПИЕ НАУТРО, ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ЗА ЗИМНО ВРЕМЕ: Спас при настинки и кашлица…Билкарот Момчило Антонијевиќ зборуваше за благотворното дејство на чајот од бозел врз здравјето.

Многумина имаат обичај да пијат билни чаеви веднаш штом ќе ги почувствуваат првите симптоми на настинка или грип, а според билкарите, овие напитоци треба да се пијат и превентивно, односно додека сме здрави, бидејќи можат да го зајакнат имунитетот и да нè заштитат од болести.

Најпознатиот српски билкар Момчило Антонијевиќ, гостувајќи во утринската програма на РТС, истакна дека бозелот е растението со кое треба да го започнеме утрото кога е ладно и кога е сезона на инфекции.

билкар Момчило Антонијевиќ

„Чајот од бозел може да се пие и попладне, за превенцијата, но исто така е и добар „лек“ при првите знаци на настинка или кашлица, бидејќи ако си болен предизвикува потење и на тој начин полесно и побрзо поминува настинката.

Секој може да го пие, а се пие топол. Сирупот приготвен од цвет од бозел е исто така многу корисен“, истакна билкарот.

Наведе и дека има голем број други растенија кои се значајни во борбата против инфекциите. Тоа се липа, сладок корен, ѓумбир, маточина, смрека, смирна… Сите овие растенија имаат етерични масла кои се важни за инхалирање.