Ова е еден од оние безвремени колачи кои ги приготвуваат и обожаваат сите генерации. Со текот на годините е добиена и верзијата на македонскиот колач кој е особено популарен на цел Балкан и чијшто рецепт можете да го прочитате ОВДЕ.

Но, овојпат ви го претставуваме интегралниот турски рецепт на Фатима за кој вели дека се наследувал со генерации во нејзиното семејство. Како втор предлог ви го претставуваме и рецептот на Аника Воит. Еве што ви е потребно за да го приготвите овој неодолив колач:

РЕЦЕПТ 1 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 3 големи јајца, 160 г шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер 10 г (или 1-2 лажички ванилин екстракт), 150 мл масло за јадење, 75 мл млеко, 170 г ореви (крупно мелени), 100 г сенаменско брашно, 1 лажичка прашок за печиво (1/2 кесичка, 5 г). За сируп: 145 г шеќер и 340 мл вода

рецепт 1

РЕЦЕПТ 2 – ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 4 супени лажици кафеав шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 4 супени лажици гриз, 1 супена лажица брашно, 4 супени лажици мелени ореви. За сируп: 2 чаши (од 200 мл) свежо млеко, 1 чаша шеќер, 1 кесичка ванила

рецепт 2

ПОСТАПКА (за калап 23х23 см или слична димензија): во длабок сад скршете ги јајцата, па сипете го шеќерот и ванилата. Миксајте доволно долго додека шеќерот да се растопи, а смесата да згусне и стане кремаста.

Во тенок млаз додајте го маслото додека непрекинато матите, а кога тоа ќе се инкорпорира во јајцата, на ист начин додајте го млекото. Јас користев статичен миксер, а вие користете каков имате.

Потоа додајте ги оревите, ситно сечкани (или крупно мелени), а од вкупната количина тргнете настрана 3-4 супени лажици. Матете уште кратко време, а потоа додајте го брашното помешано со прашок за печиво (најдобро просеано).

Повеќе не ви е потребен миксер, бидејќи брашното се додава постепено, на неколку наврати и се меша со лажица. Смесата треба да биде хомогена, пенлива, изедначена и без грутчиња.

Ако ви се чини дека овој колач е мал за вас, само удвојте ги количините и следете ја постапката. Ние дома сме четворица, за мене, сопругот и двајцата синови, па ова е сосем доволно.

Откако ќе ја приготвите, смесата излејте ја во калапот кој нема потреба да се намастува или обложува со хартија за печење.

Одозгора рамномерно посипете ги оревите кои претходно ги тргнавте настрана (3-4 лажици), протресете, израмнете и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени и печете половина час (или проверете со чепкалка).

Колачот можете и така да го јадете, но ние го сакаме залиен со шербет.

Додека се пече колачот сварете го сирупот: водата со шеќерот ставете ги во тенџере на оган и од моментот на зовривање варете го 15 минути на умерено ниска температура.

Оставете малку да се подизлади (исто и колачот, да не се премногу врели), па топлиот колач залијте го топлиот сируп. Оставете да се олади, па послужете го. Деталите погледнете ги ОВДЕ. Следи постапката за вториот рецепт:

ПОСТАПКА за рецепт 2: најпрво пригответе го сирупот за да има време да се олади. Ставете ги на оган млекото, шеќерот и ванилата, па штом зоврие и се растопи шеќерот, тргнете го настрана да се лади и започнете со подготовка на колачот.

Со миксерот пенасто изматете ги јајцата со постепено додавање на шеќерот и ванилата додека да се добие кремаста густа смеса.

Сивите состојки се вмешуваат со шпатула и се мешаат бавно за да остане смесата пенлива. најпрво се додава брашното, лажица по лажица, а потоа на ист начин и гризот.

На крај додајте ги мелените ореви. Смесата излејте ја во плех со пречник 26 см и печете го во загреана рерна на 180 степени приближно половина час (проверете со чепкалка).

Штом се испече колачот, исечете го на ромбови, па прелијте го со оладениот сируп. Турскиот кох е најдобро да се остави преку цела ноќ во фрижидер за да може убаво да се натопи кората.