На пациент од Скопје итно му беше извршена операција за санирање на аневризма – животот му беше спасен

Хибридна операција како минимално инвазивен современ третман на торакоабдоминална аневризма – Во нашата клиника e извршена уште една комплексна интервенција од областа на кардиохирургијата.

Станува збор за зафат реализиран во две фази со примена на така наречена хибридна операција за санирање на торакоабдоминална аневризма. Поради сложеноста и итноста на интервенцијата, тимот предводен од доктор Жан Митрев заедно со д-р Никола Христов и д-р Ѕвонко Атанасов интервенираа ведаш со цел да се спаси животот на пациентот.

Самото постоење на аневризми – проширувања на аортата се медицинска состојба која се одликува со зголемен ризик за пациентот од ненадејна руптура (прскање) на крвниот сад, која најчесто фатално завршува без можност за интервенција поради нагло крварење.

Оперативните лекувања на проширувањата на аортата се едни од најпредизвикувачките операции во секој модерен кардиоваскуларен центар, при што ризикот од компликации е голем, дури и во развиените центри кои спроведуваат голем број вакви операции.

При сложени ситуации како оваа аневризма на торакоабдоминалната аорта, операциите се вообичаено тешки и траат многу саати, со висок процент на смртност и можна параплегија по операцијата. Нашиот тим со примена на современа и минимално инвазивна хибридна операција ги избегна сите можни комплкации и го скрати периодот на опправување на пациентот.

Реализацијата се случи во две фази. Во првата фаза беше направено премостување на абдоминалниот од дистален дел на абдоминалната аорта и се пренасочува со бајпас техника сите главни абдоминални артерии и оние од двата бубрези.

Во втората фаза, кај пациентот во будна состојба под локална анестезија, се поставува специјален стент со ТЕВАР процедура. Торакална ендоваскуларна аортна замена- ТЕВАР процедура еден од најсовремените и најбезбедни начини на лекување на аортните аневризми.

Овој стент ја затвора торакоабдоминалната аневризма и сите нативни крвни садови кои излегуваат од од аневризмата на аортата. Бидејќи претходно е обезбедено премостување, решавањето на торакоабдоминалната аневризма за пациентот е безболна, без рез и истата трае само 30 минути, а пациентот си замина на домашно лекување по само два дена.

Како што објаснува д-р Ѕвонко Атанасов – интервентен радиолог, кај овој пациент се работеше за фузоформна торако-абдоминална аневризма на аортата, која започнуваше од дисталната торакална аорта и завршуваше на ниво на аортната бифуркација, со максимален пречник над 60mm.

Со оглед на тоа што излезиштата на висцералните гранки на аортата излегуваа од аневризмата, кај пациентот во прв акт се направи висцерален дибренчинг од страна на Академик д-р Жан Митрев, односно се направи оперативно бајпасирање од левата заедничка илијачна артерија до трункус цилијакус, до артерија мезентерика супериор и до двете бубрежни артерии.

Потоа, по неколку дена, а по претходно направени мерења и нарачани аортни графт протези, во втор акт се направи ТЕВАР интервенција со пласирани 2 стента, со што интервентно се ремоделира торакоабдоминалната аневризма на аортата. После интервенцијата, пациентот по 2 дена си замина дома, објаснува д-р Ѕвонко Атанасов.

Во светот десетина година при состојби како овие се применуваат ТЕВАР процедури, кои се состојат во вградување на аортна протеза (цевка од синтетски материјал) на местото на аневризмата. Оваа постапка е значајно побрза и помалку трауматична за пациентот.

Истата е проследена со значително помалку постинтервентни компликации во однос на отворената класична аортна хирургија. Пред заминување од нашата клинка пациентот даде свое сведочење за целокупното доживување во нашата клиника, од првиот контакт со нашите лекари па се до неговото пуштање дома. Неговото сведочење можете да го слушнете во видеото ОВДЕ.

Loading...