Привлечната, зелена и бујна папрат ќе внесе во домот свежина и добро расположение, а спаѓа меѓу украсните собни билки кои најмногу се ценети поради својата раскошност, но и бидејќи може да ја преживее зимата.

Иако постои веќе со милиони години и претставува една од најстарите билки во светот, нејзината привлечност и убавина секојпат одново ни го плени срцето. Познати се голем број папрати, а меѓу најпознати е домашната папрат (Nephrolepis exaltata).

Оваа украсна собна билка освојува со својот егзотичен изглед и тенките перјасти светлозелени листови, кој како бранови паѓаат надолу и создаваат впечаток во домот на вечна пролет. Природното живеалиште на папратите им е џунглата, односно тропското и субтропското подрачје.

А, покрај тоа што бара специфични услови за растење, буење и опстанок, оваа нежна билка откако ќе ги научите нејзините потреби, со правилна грижа и нега може да преживее и остра зима. Најголемиот непријател на деликатната папрат е сувиот воздух.

Сувиот воздух во зимските месеци, поради парното греење, тешко е да се одбегне. Како и секоја билка која природно расте во џунглите, така и папратот бара исклучително многу влага, што најлесно се постигнува доколку секојдневно се прска со ситен распрскувач на вода.

Воедно, ова е и најважното правило кога станува збор за грижа на домашниот папрат. Доколку се прашувате во која просторија е најдобро да се чува папратот, одговорот е многу едноставен и логичен – во бањата, каде има најмногу влага.

Исто така, папратот е потребно редовно да се полива, а тоа зависи од релативната влага на воздухот во просторијата, температурата и величината на самата билка. Значи, универзално правило за полевање на билката до кое стриктно треба да се држите, нема.

Следете ги потребите на билката и набрзо ќе препознаете кога е потребно да се полее. Освен во бањата, домашната папрат би била најсреќна во слабо осветлени простории, бидејќи таа е билка која сака сенка – во џунглата живее во сенката на големите билки и дрва, далеку од директното изложување на сончевата светлина.

Поради тоа, дома поставете ја на место каде нема да биде изложена на директна сончева светлина – а зимно време, најдобро би било да ја ставите на прозер кој е свртен кон исток, а летно време на прозор кој е свртен кон север. Освен што ќе ви го разубави секојдневието, домашната папрат ќе ви помогне и подобро да заспиете.

Имено, оваа популарна собна билка е богата со есенцијални масла, флавоноиди и други корисни состојки кои делуваат смирувачки на нервниот систем. Шармантната зелена папрат може да ви помогне полесно да се носите со последиците од стресот, а како резултат на тоа, полесно ќе потонете во сон.